User manual

Максималните и минималните температури на перење ќе ги видите во
табелата "Програми за перење".
Изберете ја опцијата брзина на ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ или
ЗАПИРАЊЕ ПЛАКНЕЊЕ (копче 3).
Кога ќе ја одберете саканата програма, апаратот автоматски ја предлага
максималната брзина за центрифугирање, овозможена за таа програма.
Повеќепати притискајте го копчето 3 за да ја промените брзината на
центрифугата, доколку сакате да алиштата да бидат центрифугирани со
некоја друга брзина, од онаа што ја предлага машината.
Ќе се запали соодветната сијалица.
ЗАПИРАЊЕ ПЛАКНЕЊЕ : со избирање на оваа опција, водата од
последното плакнење не се празни за да се избегне туткање на алиштата.
Кога програмата ќе заврши, на екранот се прикажува трепкава
,
контролната сијалица 10.2 се пали, контролната сијалица од копчето 8 е
исклучено, а вратата е заклучена, укажувајќи на тоа дека водата мора да
се испушти.
За да ја испуштите водата, прочитајте го поглавјето "На крајот од
програмата".
Копчиња за опциите на програмите
Зависно од програмата, може да се комбинираат различни функции. Тие
мора да се избираат по одбирање на саканата програма и пред
притискање на копчето 8 .
Кога ќе ги притиснете овие копчиња, на екранот ќе се запалат
соодветните контролни сијалици. Кога ќе се притиснат повторно,
контролните сијалици се гаснат.
Ако изберете погрешна опција, жолтата контролна сијалица од копчето
8 ќе трепне 3-пати, а на екранот ќе се прикаже пораката Err во траење од
неколку секунди.
За соодветноста на програмите за перење и опциите, видете во табелата
"Програми за перење.
Бирање на опцијата ДАМКИ (копче 4).
Изберете ја оваа опција за да третирате многу валкани или дамкосани
алишта со помош на средство за отстранување дамки (продолжено
главно перење со оптимизирана фаза на дејство против дамките). Ќе се
запали соодветната сијалица.
Оваа опција не е достапна со температура под 40°C.
Ако сакате да изведувате програма со опцијата за дамки, всипете
средство за отстранување дамки во преградата
oзначена со сина
стрелка.
12
Секојдневна употреба