User manual
Бирање на опцијата НЕЖНИ (копче 5).
Со бирање на оваа опција се намалува интензитетот на перењето.
Машината додава едно плакнење за програмите ПАМУК, 40°-60° MIX,
СИНТЕТИКА и ЕКОНОМИЧНА.
Оваа опција не може да се избира со опцијата за дополнително плакнење.
Оваа опција се препорачува за предмети со непостојана боја, како и за
оние кои често се перат.
Бирање на опцијата ШТЕДЕЊЕ ВРЕМЕ (копче 6).
Оваа опција ви овозможува да го менувате времето на перење, кое
апаратот го предлага автоматски.
СЕКОЈДНЕВНО: со едно притискање копчето 6 , се пали соодветната
контролна сијалица, а траењето на перењето ќе се намали за да одговара
на секојдневно валкани алишта.
СУПЕР БРЗО: ако двапати притиснете на копчето 6 , соодветната
контролна сијалица останува запалена, траењето на перењето ќе се
намали за да одговара на малку валкани алишта, користени или носени
кусо време. На екранот ќе се прикаже намаленото траење на перењето.
Бирање на СТАРТ/ПАУЗА (копче 8).
За да ја стартувате избраната програма, притиснете го копчето 8 ,
соодветната црвена контролна сијалица престанува да трепка.
Контролната сијалица 10.1 свети за да укаже дека апаратот почува да
работи.
Контролната сијалица 10.2 свети за да укаже дека вратата е заклучена.
За да ја прекинете програмата што е во тек, притиснете го копчето 8 :
соодветната црвена контролна сијалица почнува да трепка.
За да ја продолжите програмата од точката каде што била прекината,
повторно притиснете го копчето 8 . Ако сте избрале одложен старт со
копчето 9 , машината ќе почне да одбројува. Ако сте избрале погрешна
опција, жолтата контролна сијалица од копчето 8 ќе трепне 3-пати и во
траење 2 секунди ќе се прикаже пораката за грешка Err .
Бирање на ОДЛОЖЕН СТАРТ (копче 9).
Ако сакате да го одложите стартувањето пред да ја стартувате
програмата , повеќепати притискајте го копчето, за да го изберете
саканото одложување.
Избраното одложување (до 20 часа) ќе се појави на екранот во траење 3
секунди, па потоа повторно ќе се прикаже траењето на програмата.
Оваа опција мора да ја изберете откако ќе ја нагодите програмата и пред
да го притиснете копчето 8 .
Со ова копче, програмата за перење може да се одложи за 30 мин - 60
мин - 90 мин, 2 часа, па потоа по 1 час се до максимум од 20 часа.
Ако сакате во текот на времето на одложување да додадете алишта во
машината, ќе го притиснете копчето 8 за да ја паузирате машината.
Додајте ги алиштата, затворете ја вратата и повторно притиснете го
копчето 8 .
Секојдневна употреба
13