User manual
Бирање на одложен старт.
• Одберете ги програмата и потребните опции.
• Одберете одложен старт.
• Притиснете го копчето 8 : апаратот го започнува своето часовно
одбројување. Програмата ќе започне откако ќе истече избраното
одложување.
Откажување на одложен старт
• Ставете ја машината за перење на ПАУЗА со притискање на копчето
8 ;
• еднаш притиснете го копчето 9 , додека не се прикаже симболот
';
• повторно притиснете го копчето 8 за да ја стартувате програмата.
• Одбраното одложување може да се смени само после повторно
одбирање на програма за перење.
• Вратата ќе биде заклучена во текот на целото време на одложување.
Доколку треба да ја отворите вратата, прво мора со притискање на
копчето 8 да ја ставите машината за перење на ПАУЗА. Откако ќе ја
затворите вратата, повторно притиснете го копчето 8 .
Копчето 9 не може да се бира со програмата ЦЕДЕЊЕ .
Изберете дополнително плакнење
Апаратот е конструиран за штедење вода. Сепак, за луѓе со многу
чувствителна кожа (алергични на детергенти), може да биде потребно
плакнење на алиштата со дополнително количество вода (дополнително
плакнење).
Неколку секунди истовремено притискајте ги копчињата 2 и 3 :
контролната сијалица 10.3 се пали. Функцијата останува постојано
вклучена. За да ја отстраните, повторно притискајте ги истите копчиња
додека контролната сијалица 10.3 не се изгаси.
Менување опција или пуштање програма
Менувањето на некоја опција е можно пред извршување на програмата.
Пред да направите каква било промена, мора да ја паузирате машината
за перење со притискање на копчето 8 .
Менувањето на програма, која е во тек, е можно само ресетирање на
програмата . Завртете го бирачот на програми на
, па потоа на
положбата на новата програма. Стартувајте ја новата програма со
повторно притискање на копчето 8 . Водата од перењето во коритото
нема да се испразни.
Прекинување на програма
Повторно притиснете го копчето 8 за да ја прекинете програмата, која е
во тек, соодветната сијалица ќе почне да трепка. Повторно притиснете го
копчето за да ја стартувате програмата одново.
14
Секојдневна употреба