User manual

8. Вратете го капакот од цревото
за ургентно празнење на место
и вратете го цревото во
неговото лежиште.
9. Зашрафете ја пумпата целосно.
10. Затворете ја вратата од пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку уредот работел, а зависно од избраната програма, во пумпата
може да има жешка вода. Никогаш не вадете го капакот од пумпата за
време на циклус на перење, секогаш почекајте уредот да го заврши
циклусот и да биде празен. Кога го враќате капакот на место, уверете се
дека е цврсто затегнат за да ги спречите протекување и можноста децата
да го одвртат.
Чистење на доводниот филтер за вода
Ако забележите дека на машината и'
треба подолго време да се наполни,
проверете да не е затнат филтерот во
цревото за довод на вода.
1. затворете ја славината.
2. Отшрафете го цревото од
славината.
3. Исчистете го филтерот во цревото со
тврда четка.
4. Зашрафете го цревото на славината.
Ургентно празнење
Доколку водата не е испуштена, постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете го штекерот од приклучницата;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте додека водата не се излади;
4. отворете ја вратата од пумпата;
5. ставете длабок сад на подот и ставете крајот од цревото за ургентно
испуштање во него. Извадете го капакот. Водата треба да се исцеди
во садот по слободен пад. Откако садот ќе се наполни, вратете го
капакот на цревото. Испразнете го садот. Повторувајте ја постапката,
додека водата не престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја пумпата на погоре опишаниот начин;
Нега и чистење
23