User manual

7. откако ќе го затворите со капакот, вратете го цревото за ургентно
испуштање на своето место;
8. зашрафете ја пумпата и затворете ја вратата.
Спречување замрзнување
Ако машината е ставена на место каде што температурата може да падне
под 0°C, постапете вака:
1. затворете ја славината и отшрафете го цревото за довод на вода до
славината;
2. ставете го крајот од цревото за ургентно празнење и на доводното
црево во длабок сад на подот и пуштете ја водата да истече;
3. повторно зашрафете го доводното црево и вратете го на место
цревото за ургентно празнење, откако ќе го ставите капакот.
На овој начин ја отстранувате сета вода што останала во уредот,
иѕбегнувајќи создавање мраз и оштетување на апаратот.
Кога ќе сакате повторно да ја користите машината, проверете дали
температура во просторијата е над 0°C.
Секојпат, откако ќе ја испуштите водата преку цревото за ургентно
испуштање, мора да всипете 2 литра вода во главната преграда од
фиоката за детергент и да ја пуштите програмата за цедење. Тоа ќе го
активира уредот на "ECO" вентилот , кој спречува, при следното перење,
дел од детергентот да остане неупотребен.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради несоодветно одржување или
превиди, што може лесно да се решат без викање сервисер. Пред да се
обратите во вашиот локален сервисен центар, прво изведете ги следните
проверки.
Додека машината работи, можно е жолтата контролна сијалица од
копчето 8 да трепка, на екранот да се појави некоја од следните шифри
за тревога и истовремено на секои 20 секунди да се огласува звучен
сигнал, за да укажат дека машината не работи:
: проблем со доводот на водата
: проблем со испуштањето на водата
: вратата е отворена
Откако ќе го решите проблемот, притиснете го копчето 8 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по сиве овие проверки проблемот
останува, контактирајте со својот локален сервисен центар.
24
Што да сторите ако...