User manual
Проблем Веројатна причина/Решение
Центрифугирањето започнува доцна
или машината не центрифугира:
Се активирал електронски уред за
откривање на неурамнотеженост,
бидејќи алиштата не се рамномерно
распоредени во барабанот. Алиштата
се прераспоредуваат со вртење на
барабанот. Ова може да се повтори
неколкупати, додека
неурамнотеженоста не исчезне за да
може да се продолжи со нормално
центрифугирање. Доколку и по
неколку минути алиштата не се
рамномерно распоредени во
барабанот, машината нема да
центрифугира.
• Одново распоредете ги алиштата.
Премалку алишта.
• Додајте повеќе алишта, рачно
прераспределете ги и изберете ја
програмата за центрифугирање.
Машината прави невообичаени звуци:
Машината е опремена со тип на
мотор, кој прави невообичаени звуци
во однос на традиционалните мотори.
Овој нов мотор овозможува помеко
стартување и порамномерно
распределување на алиштата во
барабанот во текот на
центрифугирањето, како и зголемена
стабилност на машината.
Во барабанот не се гледа вода:
Машините, базирани на модерна
технологија, работат многу
економично, користејќи многу малку
вода, без да се намалат
перформансите.
Доколку не можете да го утврдите или
решите проблемот, обратете се во
нашиот сервисен центар. Пред да се
јавите на телефон, запишете ги
моделот, серискиот број и датумот на
набавка на вашата машина: сервисниот
центар ќе ги бара овие податоци.
28
Што да сторите ако...