User manual
1. Приклучете го доводното црево
на славина со навој од 3/4.
Секогаш користете го цревото
испорачано со уредот.
Не употребувајте го цревото од
старата машина за да ја поврзете
на доводот на вода.
2. другиот крај од доводното црево,
кој се приклучува во машината,
може да се заврти како што е
прикажано на сликата.
Не поставувајте го доводното
црево надолу. Нагодете го аголот
на цревото кон лево или кон
десно, зависно од положбата на
славината за вода.
3. Поставете го цревото правилно
олабавувајќи го прстенестиот
шраф. Откако ќе го наместите
доводното црево, затегнете го
прстенестиот шраф за да не
истекува вода.
Доводното црево не смее да се продолжува. Ако е премногу кратко и ако
не сакате да ја преместувате славината, ќе треба да купите ново, подолго
црево, специјално наменето за овој тип на примена.
Монтажата треба да биде во согласност со локалните служби за
водоснабдување и со барањата на градежните прописи. За безбедна
работа на уредот потребен е минимален притисок на вода од 0,05 МРа.
Пред да приклучувате машината на нова водоводна мрежа или на мрежа
која не е користена повеќе време, пуштете да истече некоја разумна
количина вода, за да се исперат сите талози што се собрале во цевките.
Одвод за вода
Крајот од одводното црево може да се постави на три начини:
1. Закачено преку работ на мијалникот, со помош на пластичниот држач,
испорачан со машината.
Во овој случај, уверете се дека крајот нема да се откачи при празнење
на машината.
Монтажа
33