User manual

Индикаторски контролни сијалици (10)
Откако ќе го притиснете копчето 8 , се
пали контролната сијалица за ПЕРЕЊЕ
( 10.1 ).
Кога ќе се запали контролната сијалица
10.1 , тоа означува дека машината
работи.
Контролната сијалица ВРАТА
( 10,2 )укажува дали вратата може да се
отвори:
свети: вратата не може да се отвори.
светлото трепка: вратата се отвора.
не свети: вратата може да се отвори.
Кога апаратот изведува дополнителни
плакнења, се пали контролната
сијалица за ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ ( 10.3 ). За да додадете плакнење, погледнете го поглавјето
"Избирање дополнително плакнење".
Персонализација
Звучни сигнали
Машината е опремена со звучен уред, кој се огласува во следните случаи:
на крајот од циклусот
при проблеми во работењето
Со истовремено притискање на копчињата 3 и 4 во траење од околу 6
секунди, звучниот сигнал се дезактивира (освен во случај на проблеми во
работењето). Со повторно притискање на овие 2 копчиња, звучните
сигнали повторно се вклучуваат.
Безбедносна блокада за децата
Овој уред ви дозволува да ја оставите машината без надгледување и да
не се грижите за тоа дека децата може да се повредат или да ја оштетат
машината.
Функцијата останува вклучена и кога машината не работи.
Има два начина да се нагоди оваа опција:
Пред да го притиснете копчето 8 : стартувањето на машината е
невозможно.
откако ќе го притиснете копчето 8 : менувањето на која било друга
програма или опција е невозможно.
За да ја вклучите или исклучите оваа опција, истовремено притискајте ги
копчињата 4 и 5 во траење од 6 секунди, си додека симболот 7.3 не се
појави на екранот, односно не исчезне од него.
Персонализација
9