User manual

Ако го свртите програматорот на друга програма додека машината
работи, жолтото контролно светло на копчето 7 ќе трепне 3 пати и на
екранот ќе се прикаже пораката Err за да се укаже на погрешно одбирање.
Машината нема да ја изведе новоизбраната програма.
Изберете ја саканата температура (копче 2)
Кога се бира програма, апаратот автоматски ја предлага основната
температура предвидена за таа програма.
Притискајте го копчето повеќепати за да ја зголемите или намалите
температурата, ако сакате алиштата да ви се перат на друга температура
од програмираната.
Симболот за студено перење одговара на - - (
) .
Максималните и минималните температури за перење ќе ги видите во
табелата "Програми за перење".
Одбирање на брзината за центрифугирање, опциите Задржано
плакнење или Ноќен циклус (копче 3)
Кога ќе ја одберете саканата програма, апаратот автоматски ја предлага
максималната брзина за центрифугирање овозможена за таа програма.
Притискајте го копчето повеќепати за менување на брзината на
центрифугата ако сакате алиштата да се вртат со брзина различна од
програмираната.
Задржано плакнење: со одбирање на оваа опцијата водата од
последното плакнење не се црпи за да се спречи туткање на ткаенините.
На крајот на програмата, на екранот се појавуваат
и симболот за
Задржано плакнење, симболот за врата (Заклучена врата) продолжува
да свети, контролното светло на копчето 7 се гаси и вратата е блокирана
за да се укаже дека треба да се исцрпи водата.
Ноќен циклус: со одбирање на оваа опција машината нема да ја испушти
водата од последното плакнење за да не се истуткаат алиштата. Бидејќи
центрифугата е исклучена, овој циклус за перење е бесшумен и може да
се одбере за навечер или за периоди со поевтина струја. За некои
програми плакнењата ќе се извршат со повеќе вода. На крајот на
програмата, на екранот се појавуваат
и симболот за Задржано
плакнење, симболот за врата продолжува да свети, контролното светло
на копчето 7 се гаси и вратата е блокирана за да се укаже дека треба да
се исцрпи водата.
За да ја исцрпите водата, прочитајте го поглавјето "Кога ќе заврши
програма".
Копчиња за опциите на програмите
Зависно од програмата, може да се комбинираат различни функции.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
12
Секојдневна употреба