User manual

Не се сите опции меѓусебно соодветни. Симболите на несоодветните
опции се гасат.
Ако се одбере опција што не е соодветна со поставената програма за
перење или со некоја друга опција, ќе се прикаже пораката Err неколку
секунди и жолтото светло на копчето 7 почнува да трепка.
Мора да ги одберете опциите откако ќе ја поставите програмата, но пред
да го притиснете копчето 7 . Притиснете го копчето 4 : сите симболи за
опциите се појавуваат на екранот.
За да ги излистате сите достапни опции, притиснете го копчето 4 .
Соодветниот симбол се појавува на екранот и почнува да трепка.
Притиснете го копчето 5 за да го активирате и потврдите изборот. Под
одбраниот симбол се појавува црна линија за да се укаже дека опцијата
е поставена. Притиснете го истото копче за да ја исклучите опцијата.
Откако ќе ги одберете опциите, почекајте неколку секунди додека екранот
не се врати на основниот приказ. Одбраните опции се појавуваат на
екранот.
За соодветноста меѓу опциите и програмите за перење, видете во
поглавјето "Програми за перење".
Опција Претперење
Одберете ја опцијата ако сакате претперење на алиштата на 30°C пред
главното перење. Кај програмите за памук и синтетика претперењето
завршува со кратко центрифугирање, додека кај програмите за
чувствителна облека водата само се црпи.
Соодветниот симбол ќе се појави на екранот.
Оваа опција се препорачува за многу извалкани алишта.
Опција Дамки
Одберете ја оваа опција за третирање на многу извалкани или издамкани
алишта со средство за отстранување дамки (продолжено главно перење
со временски оптимизирана фаза за отстранување на дамките).
Соодветниот симбол ќе се појави на екранот.
Оваа опција не е достапна за температурите под 40°C.
Ако сакате да пуштите програма со опцијата за дамки, турете средство
за отстранување дамки во преградата
означена со сина стрелка.
Опција Чувствителни
Со одбирање на оваа опција се намалува интензитетот на перењето.
Машината додава уште едно плакнење за програмите за памук и
синтетика. Соодветниот симбол ќе се појави на екранот.
Оваа опција не може да се одбере заедно со опцијата Дополнително
плакнење.
Опцијата се препорачува за алишта со непостојани бои што треба
почесто да се перат.
Секојдневна употреба
13