User manual

Опција Дополнително плакнење (уште едно плакнење)
Апаратот е конструиран за штедење вода. Сепак, за луѓе со многу
чувствителна кожа (алергични на детергенти), може да биде потребно
плакнење на алиштата со дополнително количество вода (дополнително
плакнење). Соодветниот симбол се појавува на екранот и оваа опција е
активна за одбраната програма за перење.
Ако сакате да ја активирате оваа опција трајно, притиснете ги
истовремено копчињата 2 and 3 неколку секунди: соодветниот симбол се
појавува на екранот. Ако сакате да ја откажете, држете ги истите копчиња
додека не се изгасне симболот.
Одбирање на опцијата Штедење време (копче 6)
Оваа опција ви овозможува да го смените времето на перење што
машината го предлага автоматски.
Со притискање на ова копче може да ги изберете следниве опции:
Секојдневно: со едно притискање на копчето 6 , се пали соодветното
контролно светло и времетраењето на перењето ќе се скуси за перење
на секојдневно извалкани алишта.
Супер брзо: со двојно притискање на копчето 6 , соодветното контролно
светло останува да свети, а времетраењето на перењето ќе се скуси за
перење на малку извалкани алишта или алишта што се користеле или
носеле кусо време. На екранот ќе се прикаже намаленото траење на
перењето.
Одбирање Старт/Пауза (копче 7)
За да ја почнете одбраната програма, притиснете го копчето 7 ,
соодветното црвено контролно светло престанува да трепка.
На екранот ќе се појави симболот за Врата за да се укаже дека апаратот
почнал да работи и дека вратата е заклучена.
Притиснете го копчето 7 за да прекинете програма во тек: соодветното
црвено контролно светло почнува да трепка.
За повторно почнување на програмата од точката кога била прекината,
притиснете го копчето 7 уште еднаш. Ако сте избрале одложено
почнување, машината ќе почне да одбројува.
Ако се одбере неправилна опција, жолтото контролно светло на копчето
7 трепнува 3 пати и пораката Err се прикажува неколку секунди.
Одбирање на одложеното почнување (копче 8)
Пред да почнете програма , ако сакате да го одложите почнувањето,
притискајте го копчето повеќепати за да го одберете саканото
одложување.
Соодветниот симбол ќе се појави на екранот. Со ова копче, програмата
за перење може да се одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2 часа, па потоа
по 1 час се до најмногу 20 часа.
Одбраната вредност на времето за одложување ќе се појави на екранот
околу 3 секунди, а потоа повторно ќе се појави времетраењето на
програмата.
14
Секојдневна употреба