User manual

Мора да ја одберете оваа опција откако сте ја поставиле програмата и
пред да го притиснете копчето 7 .
Може да го смените или откажете времето на одложување кога било пред
да го притиснете копчето 7 .
Вратата ќе биде заклучена во текот на целото време на одложување. Ако
сакате да додадете алишта во машината за време на одложувањето,
притиснете го копчето 7 или поставете ја машината во пауза. Кога ќе се
изгасне симболот за Врата, вратата може да се отвори. Додајте ги
алиштата, затворете ја вратата и притиснете го копчето 7 уште еднаш.
Одбирање на одложеното почнување.
Одберете ги програмата и потребните опции.
Одберете одложено почнување.
Притиснете го копчето 7 : апаратот почнува со одбројувањето часови.
Програмата ќе почне по истекувањето на одбраното одложување.
Откажување на одложено почнување
Поставете ја машината за перење на ПАУЗА притискајќи го копчето 7 ;
Притискајте го копчето 8 додека не се појави симболот
';
Притиснете го копчето 7 повторно за да ја почнете програмата.
Одбраното одложување може да се смени само после повторно
одбирање на програма за перење.
Одложеното почнување не може да се одбере со програмата Црпење.
Менување опција или пуштена програма
Менувањето на некоја опција е можно пред програмата да ја изврши.
Пред да вршите некаква промена, мора да ја паузирате машината
притискајќи го копчето 7 .
Менувањето на пуштена програма е можно само со нејзино ресетирање .
Свртете го тркалцето на програматорот на
, а потоа на новата
програмска положба. Почнете ја новата програма притискајќи го копчето
7 повторно. Водата од перењето во коритото нема да се испразни.
Прекинување програма
Притиснете го копчето 7 за да ја прекинете пуштената програма,
соодветното светло почнува да трепка. Притиснете го копчето повторно
за да ја почнете програмата одново.
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот на за да ја откажете пуштената
програма. Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата откако програмата почнала
Вратата е заклучена кога машината работи и додека трае периодот на
одложено почнување. Ако поради нешто сакате да ја отворите вратата,
првин паузирајте ја машината притискајќи го копчето 7 .
Ако се изгасне симболот за Врата, вратата може да се отвори.
Секојдневна употреба
15