User manual

Програма - Максимална и минимална
температура - Опис на циклусот -
Максимално полнење - Вид алишта
Опции
Преграда за
детергент
= OFF
За откажување на програмата што е во тек
или за исклучување на машината.
1) Ако ја одберете опцијата Супер брзо со притискање на копчето 6 , препорачуваме да го
намалите максималното полнење како што е укажано. Можно е и целосно полнење, но со
послаби резултати на перењето.
2) Ако користите течни детергенти, мора да се одбере програма без претперење.
3) Опцијата Дамки може да се одбере само за температури од 40°C нагоре.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја, синтетика, чувствителни, волнени.
Температури
95° или 90°
за нормално валкани бели памучни и ленени алишта
(на пр. мали чаршафи за маса, пешкири, чаршафи за
маса, постелнина...)
60°/50°
за нормално валкани делови од облеката, со
постојани бои (на пр. кошули, ноќници, пижами...) од
памучни или синтетични влакна и за лесно валкани
бели памучни (на пр. долна облека)
40°-30°- студено
за чувствителни предмети (на пр. мрежести завеси),
мешани алишта, вклучувајќи ги оние со синтетични и
волнени влакна, кои ја носат етикетата "чиста нова
волна, се пере во машина, не се собира"
Пред ставање на алиштата
Никогаш не перете ги заедно белите и алиштата во боја. Белите би
можеле во перењето да ја изгубат својата "белина".
Новите алишта во моја можат при првото перење да пуштаат; поради тоа,
тие треба првиот пат да се перат одвоено.
Уверете се дека во алиштата нема останати метални предмети (на пр.
шноли за коса, безопасни, шпенадли).
Закопчајте ги навлаките за перници, патентите, куките и дрикерите.
Заврзете ги ремените или долгите ленти.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред перење.
Истријте ги особено извалканите места со специјален детергент или
паста.
Третирајте ги завесите со посебна грижа. Извадете ги куките за
закачување или заврзете ги во вреќа или мрежа.
22
Помошни напомени и совети