User manual

Максимални полнења
Препорачаните количини за полнење се наведени во табелите за
програми за перење.
Општи правила:
Памук, лен: полн барабан, но не премногу натиснат;
Синтетика: не повеќе од половина барабан;
Чувствителни и волнени ткаенини: не повеќе од третина барабан.
Перењето со максимално полнење е најекономично за потрошувачката
на вода и струја.
За многу валкани алишта, намалете ја количината на полнење.
Тежина на алиштата
Следните тежини се ориентациски вредности:
Следните тежини се ориентациски вредности:
бањарка 1.200 g
навлака за јорган 700 g
машка работна кошула 600 g
чаршав, машки пижами 500 g
чаршаф за маса 250 g
навлака за перница, фротирски пешкир, ноќница,
машка кошула
200 g
мал чаршаф за маса, дамски килоти, салфета,
блуза, машки килоти
100 g
Отстранување дамки
Можно е, тврдокорните дамки да не излезат само со вода и детергент.
Оттаму, препорачуваме да ги третирате пред перењето.
Крв: третирајте ги свежите дамки со студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со специјален детергент, па потоа истријте со
сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека крпа и тапкајте ја дамката;
повторете повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја дамката со памучна крпа на
врвовите од прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи студен. Внимавајте кај старите дамки од
рѓа, бидејќи целулозната структура веќе е оштетена и ткаенината може
да се продупчи.
Дамки од мувла: третирајте ги со белило и добро исплакнете (само за
бели алишта и алишта со трајни бои).
Трева: насапунете малку и третирајте со белило (само за бели алишта и
алишта со трајни бои).
Помошни напомени и совети
23