User manual

Пенкало и лепило: натопете со ацетон
1)
, положете го делот од облеката
на мека крпа и тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што е опишано погоре, па потоа
третирајте ги дамките со метилни алкохоли. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Црвено вино: натопете во вода и детергент, исплакнете и третирајте со
ацетатна или лимонска киселина, па потоа исплакнете. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Мастило: зависно од типот на мастилото, прво натопете ја ткаенината со
ацетон
1)
, па потоа со ацетатна киселина; третирајте ги сите преостанати
трагови на белите алишта со белило, па потоа добро исплакнете ги.
Дамки од катран: прво третирајте со отстранувач на дамки, метилни
алкохоли или бензин, па потоа истријте со детергент во паста.
Детергенти и адитиви
Добрите резултати на перење зависат и од изборот на детергент и од
користењето на правилните количини за да се избегне непотребно
трошење и да се заштити животната средина.
Иако биолошки се разградуваат, детергентите содржат супстанции кои,
во големи количини, можат га ја разнишаат чувствителната рамнотежа
на природата.
Изборот на детергентот ќе зависи од типот на ткаенината (чувствителна,
волнена, памучна итн.), бојата, температурата на перење и степенот на
валканост.
Во овој уред може да се користат сите вообичаено достапни детергенти
за машини за перење:
детергенти во прав за сите типови ткаенина
детергенти во прав за чувствителни (60°C макс) и волнени ткаенини
течни детергенти, претежно за програми за перење на ниски
температури (60°C макс) за сите типови ткаенини или специјални, кои
се само за волнени ткаенини.
Детергентот и адитивите мора да се ставаат во соодветните прегради од
фиоката на дозерот пред стартување на програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да одберете програма без
претперење.
Вашиот уред е опремен со систем за рециркулација, кој овозможува
оптимално трошење на концентрираниот детергент.
Следете ги препораките на производителот за количините, кои треба да
се користат и не пречекорувајте ја ознаката "MAX" во фиоката на дозерот
за детергент .
Степени на тврдост на водата
Тврдоста на водата е класификувана во таканаречени "степени" на
тврдост. Информациите за тврдоста на водата во вашето подрачје
можете да ги добиете од одговорното претпријатие за водоснабдување,
или од локалните служби.
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
24
Помошни напомени и совети