User manual

Чистење на доводниот филтер за вода
Ако забележите дека на машината и'
треба подолго време да се наполни,
проверете да не е затнат филтерот во
цревото за довод на вода.
1. затворете ја славината.
2. Отшрафете го цревото од
славината.
3. Исчистете го филтерот во цревото со
тврда четка.
4. Зашрафете го цревото на славината.
Спречување замрзнување
Ако машината е ставена на место каде што температурата може да падне
под 0°C, постапете вака:
1. затворете ја славината и одвртете го доводното црево од славината;
2. Ставете ги краевите од цревото за итно празнење и на доводното
црево во длабок сад на подот и пуштете ја водата да истече;
3. повторно завртете го доводното црево и вратете го на место цревото
за итно празнење откако ќе му го ставите капачето.
Така се празни сета вода од машината, со што се избегнува формирање
мраз и евентуално нејзино оштетување.
Кога ќе сакате повторно да ја користите машината, проверете дали
температура во просторијата е над 0°C.
Ургентно празнење
Доколку водата не е испуштена, постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете го штекерот од приклучницата;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте додека водата не се излади;
4. отворете ја вратата од пумпата;
5. ставете длабок сад на подот и ставете крајот од цревото за ургентно
испуштање во него. Извадете го капакот. Водата треба да се исцеди
во садот по слободен пад. Откако садот ќе се наполни, вратете го
капакот на цревото. Испразнете го садот. Повторувајте ја постапката,
додека водата не престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја пумпата на погоре опишаниот начин;
7. откако ќе го затворите со капакот, вратете го цревото за ургентно
испуштање на своето место;
8. зашрафете ја пумпата и затворете ја вратата.
Нега и чистење
29