User manual

Дихтунг на вратата 27
Одводна пумпа 27
Чистење на доводниот филтер за
вода 29
Спречување замрзнување 29
Ургентно празнење 29
Што да сторите ако... 30
Технички податоци 34
Потрошувачки вредности 35
Упатства за монтирање 35
Монтажа 35
Распакување 35
Поставување и нивелирање 38
Довод за вода 38
Уред за сопирање на водата 39
Одвод за вода 39
Поврзување на струјата 40
Еколошки прашања 41
Амбалажа 41
Еколошки практични совети 41
Можноста за промени е задржана
Упатства за ракување
Безбедносни информации
Внимателно прочитајте и чувајте за идни потреби.
Безбедноста на вашиот уред одговара на индустриските стандарди и
на законските барања за безбедноста на уредите. Сепак, како
производители, сметаме дека наша должност е да ги дадеме следниве
безбедносни напомнувања.
Многу е важно, ова упатство да остане заедно со уредот за идни
потреби. Доколку уредот се продаде или пренесе на друг сопственик
или се преселите и го оставите уредот, внимавајте упатството секогаш
да биде со него, за да може новиот сопственик да се запознае со
функциите и со важните предупредувања.
МОРА да ги прочитате внимателно пред да го инсталирате или
користите уредот.
Пред првото пуштање, проверете да не дошло до оштетување на
машината во текот на транспортот. Никогаш не поврзувајте оштетена
машина. Доколку има оштетени делови, обратете се кај Вашиот
продавач.
Ако уредот се испорачува во зимските месеци, кога температурите се
под нулата: чувајте ја машината за перење 24 часа на собна
температура, пред првпат да ја користите.
Општа безбедност
Опасно е да ги менувате спецификациите или да се обидувате да го
модификувате овој производ на кој било начин.
Во текот на програмите за миење со високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не допирајте го!
Уверете се дека малите миленичиња нема да се качат во барабанот.
За да го избегнете ова, проверете го барабанот пред користење.
Безбедносни информации
3
132954820 - 00 -162009