User manual

Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради несоодветно одржување или
превиди, што може лесно да се решат без викање сервисер. Пред да се
обратите во вашиот локален сервисен центар, прво изведете ги следните
проверки.
Додека машината работи, можно е жолтата контролна сијалица од
копчето 7 да трепка, на екранот да се појави некоја од следните шифри
за тревога и истовремено на секои 20 секунди да се огласува звучен
сигнал, за да укажат дека машината не работи:
: проблем со доводот на водата
: проблем со испуштањето на водата
: вратата е отворена
: активиран е системот против поплава
Откако ќе го решите проблемот, притиснете го копчето 7 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по сиве овие проверки проблемот
останува, контактирајте со својот локален сервисен центар.
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење не стартува:
Вратата не е затворена.
Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во
приклучницата.
Вметнете го штекерот во
приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
Проверете ја домашната
електрична инсталација.
Избил главниот осигурувач.
Заменете го осигурувачот.
Селекторот не е правилно поставен, а
копчето 7 не е притиснато.
Завртете го селекторот и повторно
притиснете го копчето 7 .
Избран е одложен старт.
Доколку алиштата треба да се перат
веднаш, откажете го одложениот
старт.
Активирана е безбедносната блокада
за деца.
Исклучете го уредот.
30
Што да сторите ако...