User manual

Проблем Веројатна причина/Решение
Машината вибрира или е премногу
бучна:
Транспортните клинови и амбалажата
не се отстранети.
Проверете дали уредот е правилно
монтиран.
Потпорните ногалки не се регулирани
Проверете дали уредот е правилно
нивелиран.
Алиштата не се рамномерно
распоредени во барабанот.
Одново распоредете ги алиштата.
Можеби има премалку алишта во
барабанот.
Ставете повеќе алишта.
Центрифугирањето започнува доцна
или машината не центрифугира:
Се активирал електронски уред за
откривање на неурамнотеженост,
бидејќи алиштата не се рамномерно
распоредени во барабанот. Алиштата
се прераспоредуваат со вртење на
барабанот. Ова може да се повтори
неколкупати, додека
неурамнотеженоста не исчезне за да
може да се продолжи со нормално
центрифугирање. Доколку и по
неколку минути алиштата не се
рамномерно распоредени во
барабанот, машината нема да
центрифугира.
Можеби нема доволно алишта -
додадете уште, прераспоредете ги
алиштата рачно, а потоа одберете
ја програмата за центрифугирање.
Машината прави невообичаени звуци:
Машината е опремена со тип на
мотор, кој прави невообичаени звуци
во однос на традиционалните мотори.
Овој нов мотор овозможува помеко
стартување и порамномерно
распределување на алиштата во
барабанот во текот на
центрифугирањето, како и зголемена
стабилност на машината.
Во барабанот не се гледа вода:
Машините, базирани на модерна
технологија, работат многу
економично, користејќи многу малку
вода, без да се намалат
перформансите.
Што да сторите ако...
33