User manual

Поставување и нивелирање
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под.
Уверете се дека струењето на воздухот
околу машината не е попречено од
теписи, черги итн.
Пред да ја поставите врз мали плочки,
ставете гумена облога.
Никогаш не обидувајте се да ги
поправате нерамнините на подот со
ставање парчиња дрво, картон или
сличен материјал под машината.
Доколку не е можно да се избегне
поставување на машината до плински
шпорет или до ќумбе на јаглен, помеѓу двата уреда мора да се постави
изолациона табла, обложена со алуминиумска фолија од страната на
шпоретот или ќумбето.
Машината не смее да се монтира во простории каде што температурата
може да падне под 0°C.
Доводното и одводното црево не смеат да се превиткуваат.
Внимавајте, по монтажата на апараото, тој да биде лесно достапен за
техничарите за случај на дефект.
Внимателно нивелирајте со завртување или одвртување на ногалките.
Никогаш не ставајте картон, дрво или сличен материјал под машината за
да ги израмните нерамнините на подот.
Довод за вода
Доводното црево е испорачано и се наоѓа во барабанот на машината.
Апаратот мора да се приклучи на довод за студена вода.
Не употребувајте го цревото од старата машина за да ја поврзете на
доводот на вода.
1. Отворете ја вратата и извадете го
доводното црево.
2. Приклучете го цревото на
машината со помош на
коленестиот приклучок.
Не поставувајте го доводното црево
надолу. Нагодете го аголот на
цревото кон лево или кон десно,
зависно од положбата на славината
за вода.
38
Монтажа