User manual

3. Правилно наместете го цревото
со олабавување на прстенестата
навртка. Откако ќе го поставите
доводното црево, проверете дали
прстенестата навртка е добро
прицврстена за да избегнете
протекување.
4. Приклучете го доводното црево
на славина со навој од 3/4.
Секогаш користете го цревото
испорачано со уредот.
Доводното црево не смее да се
продолжува. Ако е премногу кратко и
ако не сакате да ја преместувате
славината, ќе треба да купите ново,
подолго црево, специјално наменето
за овој тип на примена.
Монтажата треба да биде во
согласност со локалните служби за водоснабдување и со барањата на
градежните прописи. Проверете го минималниот потребен притисок на
водата за безбедна работа на апаратот во поглавјето "Технички
податоци".
Уред за сопирање на водата
Доводното црево е опремено со уред за
сопирање на водата, кој ја штити
машината од оштетувања,
предизвикани од протекување на
водата, до кои може да дојде поради
природно стареење на цревото. Овој
дефект е прикажан со црвено поле во
прозорецот "A" . Доколку дојде до ова,
затворете ја славината за вода и
обратете се во вашиот сервисен центар
за да ви го заменат цревото.
Одвод за вода
Крајот од одводното црево може да се постави на три начини:
1. Закачено преку работ на мијалникот, со помош на пластичниот држач,
испорачан со машината.
Монтажа
39