User manual

Пред перењето, проверете дали џебовите се празни и дали патентите
се затворени. Избегнувајте перење на изресени или искинати
предмети, и третирајте го дамките од боја, мастило, рѓа и трева пред
перењето. Градниците со жица НЕ смеат да се перат во машина.
Деловите од облеката, кои биле во допир со производи од испарлива
нафта, не треба да се перат во машина. Доколку користите испарливи
течности за чистење, треба да внимавате да ја отстраните течноста од
делот од облеката пред да го ставите во машината.
Никогаш не влечете го кабелот за да го извлечете штекерот од
приклучницата; секогаш фаќајте го самиот штекер.
Никогаш не користете го уредот ако кабелот за струја, контролната
табла, работната површина или основата се оштетени на начин, кој
овозможува слободен пристап во внатрешноста на уредот.
Безбедност на децата
Овој уред не е наменет да го користат лица (вклучувајќи ги и децата)
со намалени физички, сензорски или ментални способности, или лица
без искуство и знаење, освен ако немаат надзор и упатување во
користење на уредот од страна на лицето, кое е одговорно за нивната
безбедност.
Компонентите од амбалажата (на пр. пластична фолија, стиропор)
може да бидат опасни за децата - опасност од задушување! Чувајте ги
надвор од дофатот на децата.
Чувајте ги сите детергенти на безбедно место, надвор од дофат на
децата.
Уверете се дека децата или
миленичињата нема да се качат во
барабанот. За да спречите децата и
миленичињата да се затворат во
барабанот, машината е опремена
со специјален додаток. За да го
активирате овој уред, вртете го
копчето (без притискање) во
внатрешноста на машината во
десно, додека жлебот не стои
хоризонтално. Ако е потребно,
употребете паричка. За да го
дезактивирате овој уред, и да ја вратите можноста за заклучување на
вратата, вртете го копчето (без притискање) во внатрешноста на
машината во лево, додека жлебот не стои вертикално.
Опис на производот
Вашиот нов апарат ги задоволува сите современи барања за ефикасна
обработка на алиштата со мала потрошувачка на вода, енергија и
детергент.
Опис на производот
5