User manual

Одложено почнување
Одбраното одложување (макс. 20 часа) поставено со соодветното
копче се појавува на екранот околу 3 секунди (на пример
'), потоа
се прикажува времетраењето на претходно одбраната програма.
Симболот за одложено почнување се појавува на екранот.
Вредноста на времето за одложено почнување се намалува по една
единица секој час, а потоа, кога ќе преостане 1 час, времето се
намалува секоја минута.
Неправилно одбирање опција
Ако се одбере опција што не е соодветна со поставената програма
за перење, се прикажува пораката Err околу 2 секунди и жолтото
светло на копчето 7 почнува да трепка.
Шифри за тревога
Во случај на проблеми со работата, може да се прикажат одредени
пораки за тревога, на пример
(видете во поглавјето "Што треба
да се направи ако...").
Крај на програма
Кога ќе заврши програма, се прикажува трепкачка нула
, симболот
за врата се гаси и вратата може да се отвори.
Подготвеност :
Ако не ги извадите алиштата во рок од 10 минути по завршување на
програмата, заднинското светло на екранот ќе се исклучи и ќе се активира
системот за штедење енергија. Само контролната сијаличка на копчето
7 трепка да укаже дека апаратот треба да се исклучи. Апаратот ќе излезе
од статусот на штедење енергија со притискање на кое било копче и
тогаш можете да поставите нова програма за перење или да ја исклучите
машината.
9.8 - Одложено почнување
- симбол
9.9 - Безбедносна брава за деца
- симбол
Прва употреба
Уверете се дека приклучувањето на струјата и на водата е во
согласност со упатствата за монтажа.
Отстранете го блокот од стиропор и сиот останат материјал од
барабанот.
Пред првото перење вклучете циклус за памук на највисока
температура, без алишта во машината, за да ги отстраните
производните остатоци од барабанот и коритото. Всипете 1/2 мерка
детергент во главната преграда и стартувајте ја машината.
Персонализација
Звучни сигнали
Машината е опремена со звучен уред што се огласува во следниве
случаи:
Прва употреба
9