LAVAMAT 84950 A Упатство за ракување Машина за перење
Содржина Ви благодариме што одбравте еден од нашите висококвалитетни производи. За да обезбедите оптимална и редовна работа на Вашиот апарат, внимателно прочитајте го ова упатство. Тоа ќе Ви овозможи да се движите низ сите процеси совршено и најефикасно. За да се консултирате со упатството секогаш кога Ви треба, препорачуваме да го чувате на сигурно место. И, Ве молиме, предајте го и на евентуалните идни сопственици на апаратот. Ви пожелуваме големо задоволство со Вашиот нов апарат.
Безбедносни информации Отворање на вратата откако програмата почнала Kога ќе заврши програма Програми за перење Помошни напомени и совети Сортирање на алиштата Температури Пред ставање на алиштата Максимални полнења Тежина на алиштата Отстранување дамки Детергенти и адитиви Степени на тврдост на водата Нега и чистење Отстранување бигор По секое перење Перење за одржување Чистење однадвор фиока на дозерот за детергент Барабан за перење 20 20 21 27 27 27 27 27 28 28 29 29 30 30 30 30 30 30 31 3 Дихтунг на
Безбедносни информации • Ако уредот се испорачува во зимските месеци, кога температурите се под нулата: чувајте ја машината за перење 24 часа на собна температура, пред првпат да ја користите. Општа безбедност • Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат обиди за какви и да било измени на производот. • Во текот на програмите за перење со високи температури стаклото на вратата може да се вжешти. Не допирајте го! • Внимавајте мали галеничиња да не се качат во барабанот.
Безбедносни информации 5 • По монтажата, секогаш проверете дали цревата и спојките добро дихтуваат. • Доколку уредот се монтира на место, кое е изложено на мраз, прочитајте го поглавјето "опасности од замрзнување". • Водоводџиските работи, потребни за монтажа на овој уред, мора да ги изведува квалификуван водоводџија или стручно лице. • Електричните работи, потребни за монтажа на овој уред, мора да ги изведува квалификуван електричар или стручно лице.
Опис на производот • Уверете се дека децата или миленичињата нема да се качат во барабанот. За да спречите децата и миленичињата да се затворат во барабанот, машината е опремена со специјален додаток. За да го активирате овој уред, вртете го копчето (без притискање) во внатрешноста на машината во десно, додека жлебот не стои хоризонтално. Ако е потребно, употребете паричка.
Опис на производот 2 1 3 4 5 6 7 1 2 3 4 5 6 7 Фиока на дозерот за детергент Контролна табла Светло за барабанот Рачка за отворање на вратата Плочка со спецификации Одводна пумпа Ногарки за нивелирање 7
Контролна табла Фиока на дозерот за детергент Преграда за детергент што се користи за претперење . Детергентот за претперење се додава на почетокот на програмата за перење. Преграда за прашкаст или течен детергент што се користи за главното перење . Преграда за течни адитиви (омекнувачи, штирак). Преграда за средства за отстранување дамки што се користат при главното перење со опцијата Дамки . Контролна табла Подолу е слика на контролната табла. На неа се прикажани програматорот, копчињата и екранот.
Екран 9 7 Копче Старт/Пауза 8 Копче за одложено почнување 9 Екран Табела на симболи Памук/Лен Хигиена Џинс Синтетика Лесно пеглање Нежни Ќебе Нежни плакнења Црпење Центрифу га Волна Рачно перење Женска долна облека Спортови на отворено 20 мин. 3 кг Брзо интензивн о Температура Намалување центрифуга Опции Штедење време Старт/Пауза Одложено почнувањ е Екран 9.8 9.9 9.7 9.6 9.1 9.2 9.3 9.4 9.5 9.1 - Овде се прикажува температурата на водата за перењето 9.
Екран 9.6 - Симболи за опциите: Претперење , Дамки , Чувствително , Дополнително плакнење 9.7 - Крај на програма 9.8 - Траење на програмата за перење или одбројување за одложеното почнување 9.9 - Информативно поле (неколку редови го покажуваат напредувањето на програмата) Екранот ги прикажува следниве информации: Времетраење на избраната програма По одбирањето програма, времетраењето на програмата за перење 9.8 и проценетото време за завршување на циклусот 9.
Прва употреба 11 Ако не ги извадите алиштата во рок од 10 минути по завршување на програмата, заднинското светло од екранот ќе се исклучи и ќе се активира системот за штедење енергија. Само контролната сијаличка на копчето 7 трепка да укаже дека апаратот треба да се исклучи. Апаратот ќе излезе од статусот на штедење енергија со притискање на кое било копче и тогаш можете да поставите нова програма за перење или да ја исклучите машината.
Персонализација Притиснете го копчето 5 за да потврдите. Повторете ја претходната операција за да ги поставите минутите. Ако апаратот веќе бил вклучен, видете го почетокот на поглавјето "Персонализација". Персонализација Апаратот е опремен со мени SETTINGS (Поставки) што овозможува менување на фабричките поставки по желба. Кога ќе ја вклучите машината, со вртење на тркалцето на програматорот, притиснете го копчето 4 за да го активирате менито OPTIONS (Опции).
Секојдневна употреба 13 Враќање во главното мени Оваа функција за поставување овозможува да се вратите во менито за опции. Најдете ја опцијата BACK (Назад) притискајќи го копчето 4 . Притиснете го копчето 5 за да го потврдите изборот. Секојдневна употреба Апаратот е опремен со сензор за тежина што дозволува мерење на количеството алишта ставени во барабанот и ве советува колку детергент треба да употребите. Пред да го вклучите апаратот, проверете дали барабанот е празен.
Секојдневна употреба • максималниот капацитет за полнење за одбраната програма (на пр. 8 кг за Памук; видете во "Програми за перење" за максималното полнење за секоја програма), • колку е наполнета машината, од 0,0 кг до максималното возможно полнење за одбраната програма за перење. Полнења што тежат помалку 0,5 кг не се прикажуваат, • анимирана лента што се пополнува во чекори од 0,5 кг, • количеството детергент препорачано за моменталното количество алишта искажано во проценти.
Секојдневна употреба 15 1. Извлечете ја фиоката од дозерот додека не застане. Измерете ја количината потребен детергент, всипете ја во главната преграда и, доколку сакате да ја пуштите фазата на претперење , всипете го детергентот во преградата . означена со Ако сакате да ја изведувате функцијата за дамки , всипете средство за отстранување дамки во преградата означена со сина . стрелка 2.
Секојдневна употреба Ноќен циклус: со одбирање на оваа опција машината нема да ја испушти водата од последното плакнење за да не се истуткаат алиштата. Бидејќи центрифугата е исклучена, овој циклус за перење е бесшумен и може да се одбере за навечер или за периоди со поевтина струја. За некои програми плакнењата ќе се извршат со повеќе вода. За да ја исцрпите водата, прочитајте го делот "Кога ќе заврши програма" во ова поглавје.
Секојдневна употреба 17 со временски оптимизирана фаза за отстранување на дамките). Соодветниот симбол ќе се појави на екранот. Оваа опција не е достапна за температурите под 40°C. Ако сакате да пуштите програма со опцијата за дамки, турете средство означена со сина стрелка. за отстранување дамки во преградата Опција Чувствителни Со одбирање на оваа опција се намалува интензитетот на перењето. Машината додава уште едно плакнење за програмите за памук и синтетика.
Секојдневна употреба Одбирање на опцијата Заклучување за деца Апаратот е опремен со Безбедна брава за деца што овозможува да го оставите апаратот без надзор и да не се грижите дали децата ќе се повредат или ќе го оштетат апаратот. Поставете ја оваа опција пред да го притиснете копчето 7 и откако ќе ја одберете саканата програма за перење. Функцијата останува вклучена и кога апаратот не работи.
Секојдневна употреба 19 Притиснете го копчето 7 за да прекинете програма во тек: соодветната црвена контролна сијаличка почнува да трепка, додека пораката "PAUSED" (Паузирано) се појавува на екранот за да укаже дека машината е паузирана. За повторно почнување на програмата од точката кога била прекината, притиснете го копчето 7 уште еднаш. Ако сте избрале одложено почнување, машината ќе почне да одбројува.
Секојдневна употреба Отворање на вратата откако програмата почнала Првин поставете ја машината за перење на пауза притискајќи го копчето 7. • Ако пораката "Paused" (Паузирано) е мирна на екранот, вратата може да се отвори.
Програми за перење 21 Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид алишта Памук/Лен 95°- Студено Главно перење - Плакнења - Долго центрифугирање Макс. полнење 8 кг - Намалено полнење 4 кг Максимална брзина на центрифугата 1400 врт/мин За бел и шарен памук (нормално извалкани алишта).
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид алишта Џинс 60° - Студено Главно перење - Плакнења - Долго центрифугирање Макс. полнење 8 кг Максимална брзина на центрифугата 1200 врт/мин Со оваа програма може да се перат панталони, кошули или јакни од тексас платно, како и жерсе во комбинација со високотехнолошки материјали. (Опцијата Дополнително плакнење ќе се активира автоматски).
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид алишта Опции Нежни Намалување на 40°- Студено центрифугата Главно перење - Плакнења - Кратко Ноќен циклус центрифугирање Задржано Макс. полнење 4 кг - Намалено полнење 2 плакнење кг Претперење Максимална брзина на центрифугата 1200 Дамки врт/мин Дополнително Нежни ткаенини: акрилни, вискозни, плакнење полиестерски.
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид алишта Опции Центрифуга Црпење и долга центрифуга Макс. полнење 8 кг Максимална брзина на центрифугата 1400 врт/мин Посебно центрифугирање за рачно перени памучни алишта и по програмите со опцијата Задржано плакнење. Пред да ја одберете програмава, програматорот мора да е на O .
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид алишта Опции Спортски јакни 40° - Студено Главно перење - Плакнења - Кратко центрифугирање Макс. полнење 2,5 кг Максимална брзина на центрифугата 800 врт/мин Специјална програма за спортска облека. Не ставајте адитиви кога ќе ја одберете оваа програма. Намалување на центрифугата Задржано плакнење Дополнително плакнење 20 мин.-3 кг 30° Главно перење - Плакнења - Кратко центрифугирање Макс.
Програми за перење Програма Максимална и минимална температура Опис на циклусот Максимално полнење со алишта Вид алишта Опции Супер Еко Студено Главно перење - Плакнења - Кратко центрифугирање Макс. полнење 3 кг Максимална брзина на центрифугата 1200 врт/мин Мешани алишта (памук и синтетика). Програма за студено перење што штеди енергија, вода и време. Оваа програма е за перење со детергенти што се ефикасни при ниски температури.
Помошни напомени и совети 27 Помошни напомени и совети Сортирање на алиштата Следете ги шифрираните симболи за перење на секој дел од облеката и упатствата на производителот за перење. Сортирајте ги алиштата на следниот начин: бели, во боја, синтетика, чувствителни, волнени. Температури 95° или 90° за нормално валкани бели памучни и ленени алишта (на пр. мали чаршафи за маса, пешкири, чаршафи за маса, постелнина...) 60°/50° за нормално валкани делови од облеката, со постојани бои (на пр.
Помошни напомени и совети Тежина на алиштата Следните тежини се ориентациски вредности: Следните тежини се ориентациски вредности: бањарка 1.200 g навлака за јорган 700 g машка работна кошула 600 g чаршав, машки пижами 500 g чаршаф за маса 250 g навлака за перница, фротирски пешкир, ноќница, машка кошула 200 g мал чаршаф за маса, дамски килоти, салфета, блуза, машки килоти 100 g Отстранување дамки Можно е, тврдокорните дамки да не излезат само со вода и детергент.
Помошни напомени и совети 29 Мастило: зависно од типот на мастилото, прво натопете ја ткаенината со ацетон 1), па потоа со ацетатна киселина; третирајте ги сите преостанати трагови на белите алишта со белило, па потоа добро исплакнете ги. Дамки од катран: прво третирајте со отстранувач на дамки, метилни алкохоли или бензин, па потоа истријте со детергент во паста.
Нега и чистење Ниво Карактеристики 2 Степени на тврдост на водата Германски °dH Француски °T.H. средна 8-14 16-25 3 тврда 15-21 26-37 4 многу тврда > 21 > 37 Нега и чистење Пред да изведувате какви било работи на одржување или чистење, уредот мора да го ИСКЛУЧИТЕ од струја. Отстранување бигор Водата што ја користиме обично содржи бигор. Препорачливо е, во машината повремено да користите прав за омекнување на водата.
Нега и чистење 31 2. Извадете ја влошката за омекнувач од средната преграда. 3. Измијте ги сите делови со вода. 4. Ставете го додатокот за омекнувач колку што влегува, да легне цврсто на своето место. 5. Со четка исчистете ги сите делови од машината за перење, посебно дизните во горниот дел од комората за вмивање. 6. Вметнете ја фиоката на дозерот за детергент во шините и турнете ја внатре.
Нега и чистење Одводна пумпа Пумпата треба редовно да се проверува и тоа особено ако: • машината не испушта и/или центрифугира • машината испушта невообичаени звуци за време на цедењето, поради предмети, како на пр., безопасни, парички итн., кои ја блокираат пумпата. Постапете вака: 1. Исклучете го уредот. 2. Доколку е потребно, почекајте додека водата не се излади. 3. Отворете ја вратата од пумпата. 4. Ставете некаков сад блиску до пумпата за да ја соберете водата, што евентуално ќе истече. 5.
Нега и чистење 33 Отстранете секакви предмети од пропелерот на пумпата, така што ќе го вртите. 8. Вратете го капакот од цревото за ургентно празнење на место и вратете го цревото во неговото лежиште. 9. Зашрафете ја пумпата целосно. 10. Затворете ја вратата од пумпата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Доколку уредот работел, а зависно од избраната програма, во пумпата може да има жешка вода.
Што да сторите ако... 3. повторно завртете го доводното црево и вратете го на место цревото за итно празнење откако ќе му го ставите капачето. Така се празни сета вода од машината, со што се избегнува формирање мраз и евентуално нејзино оштетување. Кога ќе сакате повторно да ја користите машината, проверете дали температура во просторијата е над 0°C. Ургентно празнење Доколку водата не е испуштена, постапете на следниот начин за да ја испразните машината: 1. извлечете го штекерот од приклучницата; 2.
Што да сторите ако... 35 • Се активирал системот за заштита од поплавување: "Anti-flooding system has been activated. Please check inlet/drain pipe connections" (Активиран е системот за заштита од поплавување. Проверете ги цевките за довод и одвод). Штом ќе се отстрани проблемот, притиснете го копчето 7 за да ја почнете програмата одново. Ако и по сиве овие проверки проблемот останува, контактирајте со својот локален сервисен центар.
Што да сторите ако... Проблем Веројатна причина/Решение Машината не се полни со вода: Славината за вода е затворена. "Cannot fill water. Please check that the tap is open and then press START/ PAUSE" (Не се прима вода. Проверете дали славината е отворена, па притиснете Старт/ Пауза). • Отворете ја славината. Доводното црево е згмечено или превиткано. "Cannot fill water. Please check that the tap is open and then press START/PAUSE" (Не се прима вода.
Што да сторите ако... Проблем 37 Веројатна причина/Решение Машината не испушта вода и/или не центрифугира: Одводното црево е згмечено или превиткано. "Cannot drain the water. Please check that the filter is clean and then press START/PAUSE" (Не може да се исцрпи водата. Проверете дали е чист филтерот, а потоа притиснете Старт/Пауза). • Проверете го приклучокот на одводното црево. Филтерот за испуштање вода е затнат. "Cannot drain the water.
Што да сторите ако... Проблем Веројатна причина/Решение Лоши резултати на перење: Сте ставиле премалку детергент или детергент што не одговара. • Зголемете го количеството детергент или употребете друг. Не сте ги обработиле тврдокорните дамки пред перењето. • Користете комерцијални производи за вадење тврдокорни дамки. Не е избрана соодветна температура. • Проверете дали сте ја избрале соодветната температура. Премногу алишта. • Извадете алишта. Вратата не се отвора: Програмата уште трае.
Што да сторите ако... Проблем 39 Веројатна причина/Решение Центрифугирањето започнува доцна или машината не центрифугира: Се активирал електронскиот уред за откривање на неврамнотеженост бидејќи алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот. Алиштата се прераспоредуваат со обратно вртење на барабанот. Ова може да се повтори неколкупати додека неврамнотеженоста не исчезне за да може да се продолжи со нормално центрифугирање.
Технички податоци Доколку не можете да го утврдите или решите проблемот, обратете се во нашиот сервисен центар. Пред да се јавите на телефон, запишете ги моделот, серискиот број и датумот на набавка на вашата машина: сервисниот центар ќе ги бара овие податоци. Технички податоци Димензии Широчина Височина Длабочина 60 см 85 см 63 см Поврзување на електриката Напон - вкупна снага осигурувач Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на апаратот.
Монтажа 41 Податоците за потрошувачката прикажани во табелата се сметаат за чисто ориентациски, бидејќи може да варираат зависно од количеството и видот на алиштата, од влезната температура на водата, како и од температурата на околината. Упатства за монтирање Монтажа Распакување Сите транспортни клинови и сета амбалажа мора да се отстранат пред користење на уредот.
Монтажа 2. Симнете ги кабелот за струја и одводното и доводното црево од држачите на задната страна од уредот. 3. Отшрафете ги трите шипки со помош на клучот испорачан со машината. . 4. Извлечете ги соодветните пластични разделници.
Монтажа 43 5. Отворете го прозорецот и извадете го блокот од стиропор, монтиран на дихтунгот од вратата. 6. Затворете ги помалата горна дупка и двете поголеми со соодветните пластични затки, испорачани во вреќичката со упатството. 7. Приклучете го доводното црево како што е опишано во пасусот "Довод на вода". Поставување и нивелирање Монтирајте ја машината на рамен, тврд под. Уверете се дека струењето на воздухот околу машината не е попречено од теписи, черги итн.
Монтажа изолациона табла, обложена со алуминиумска фолија од страната на шпоретот или ќумбето. Машината не смее да се монтира во простории каде што температурата може да падне под 0°C. Доводното и одводното црево не смеат да се превиткуваат. Внимавајте, по монтажата на апараото, тој да биде лесно достапен за техничарите за случај на дефект. Внимателно нивелирајте со завртување или одвртување на ногалките.
Монтажа 45 Монтажата треба да биде во согласност со локалните служби за водоснабдување и со барањата на градежните прописи. Проверете го минималниот потребен притисок на водата за безбедна работа на апаратот во поглавјето "Технички податоци". Уред за сопирање на водата Доводното црево е опремено со уред за сопирање на водата, кој ја штити машината од оштетувања, предизвикани од протекување на водата, до кои може да дојде поради природно стареење на цревото.
Поврзување на струјата Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален сервисен центар. Поврзување на струјата Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на уредот. Проверете дали вашата домашна електрична инсталација може да го носи потребното максимално оптоварување, притоа земајќи ги предвид и останатите користени уреди.
>PE<=полиетилен >PS<=полистирен >PP<=полипропилен Ова значи дека тие може да се рециклираат со нивно отстранување во соодветни собирни контејнери. Еколошки практични совети За да заштедите вода, струја и да помогнете во заштита на животната средина, препорачуваме да ги следите овие практични совети: • За да се заштеди детергент, вода и време, нормално валканите алишта можат да се перат и без претперење (со тоа се штити и животната средина!). • Машината работи поекономично ако е целосно наполнета.
132954380-00-172009 www.electrolux.