User manual
1.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Пред монтажа и употреба,
внимателно прочитајте го ова
упатство:
• Заради ваша безбедност и
безбедноста на вашиот имот
• За заштита на околината
• Заради правилна работа на
апаратот.
Секогаш чувајте ги овие инструкции
со апаратот, дури и ако го
преместувате или продавате.
Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа или употреба
предизвикаат оштетување.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
• Овој апарат можат да го користат
деца над 8 години и лица со
намалени физички, сензорни или
ментални способности или лица без
искуство и знаење доколки тоа го
прават под надзор или им биле
дадени упатства како безбедно да
го употребуваат апаратот и ги
разбираат опасностите поврзани со
него. Деца не смеат да играат со
апаратот.
• Сите материјали за пакување
чувајте ги далеку од дофат на деца.
Постои ризик од задушување или
физичка повреда.
• Држете ги децата и животните
подалеку од апаратот кога вратата
е отворена или кога тој работи.
Постои ризик од повреда или друг
траен инвалидитет.
• Ако уредот ги има функциите
„Блокада за деца“ или „Блокада на
копчињата“, употребете ги. Тоа ќе
оневозможи децата и животните
несакано да го вклучат апаратот.
1.2 Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите и
не вршете измени на производот.
Постои опасност од повреди или
оштетување на апаратот.
• Отстранете ги сета амбалажа,
етикети и слоеви од апаратот пред
првата употреба.
• Исклучувајте ги ринглите по секоја
употреба.
1.3 Монтажа
• Условите за приклучување на
апаратот се опишани на етикетата
(или табличката со податоци).
• Само овластен сервисер може да го
монтира и поврзува апаратот.
Котактирајте го овластениот сервис.
Ова е со цел да се избегне ризик од
штета или физички повреди.
• Проверете дали апаратот е оштетен
при транспорт. Никогаш не
поврзувајте оштетен апарат.
Доколку е потребно, контактирајте
го добавувачот.
• Пред првата употреба, отстранете
ги сите делови од пакувањето,
лепенки и слоеви од апаратот. Не
отстранувајте ја плочката со
спецификации. Тоа може да ја
поништи гаранцијата.
• Целосно почитувајте ги законите,
уредбите, директивите и
стандардите кои се во сила во
земјата каде што го употребувате
апаратот (регулативи за заштита,
регулативи за рециклирање,
регулативи за заштита при употреба
на струја или гас итн.).
• Внимавајте кога го преместувате
апаратот. Апаратот е тежок.
Секогаш употребувајте заштитни
ракавици. Не влечете го апаратот
за рачката.
• За време на монтажата, проверете
дали апаратот е исклучен од струја
(ако е применливо).
• Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
• Не поставувајте го апаратот врз
основа.
МАКЕДОНСКИ 3