User manual

1.4 Поврзување на струјата
Само овластен електричар смее да
го монтира и поврзува апаратот.
Котактирајте го овластениот сервис.
Ова е со цел да се избегне ризик од
штета или физички повреди.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за
струјата од плочката со
спецификации одговараат на
Вашето домашно напојување со
струја.
Податокот за напонот е наведен на
плочката со спецификации.
Мора да имате исправни направи за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од), заземјување и
контакторите.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
Деловите за заштита од удар мора
да бидат прицврстени така за да не
можат да се отстранат без алат.
Секогаш користете правилно
инсталиран приклучок за струја
обезбеден од струјни удари.
Кога приклучувате електрични
апарати во приклучок за струја, не
дозволувајте каблите да ги
допираат или да проаѓаат во
близина на жешката врата на
апаратот.
Не користете Т-штекери, приклучни
кутии и продолжени кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од
пожар.
Проверете дали штекерот (ако го
има) и кабелот за струја се
нагмечени или оштетени зад
апаратот.
Проверете дали приклучокот за
струја е пристапен по монтажата.
Не влечете го кабелот за
напојување за да го исклучите
апаратот од струја. Секогаш
исклучувајте го главниот штекер
(ако е применливо).
Не заменувајте го ниту ставајте друг
кабел за струја. Контактирајте го
сервисниот центар.
1.5 Употреба
Апаратот употребувајте го само за
готвење во домаќинството. Не
употребувајте го апаратот за
комерцијална или индустриска цел.
Ова е со цел да се заштитат лицата
од физички повреди или да се
спречи оштета на имотот.
Секогаш надгледувајте го апаратот
за време на работата.
Кога апаратот работи, секогаш
стојте настрана од апаратот кога ја
отварате вратата. Може да испушти
жешка пареа. Постои опасност од
изгореници.
Не употребувајте го апаратот ако е
во допир со вода. Не ракувајте со
апаратот со влажни раце.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Површината за готвење при
употреба станува жешка. Постои
опасност од изгореници. Не ставајте
метални предмети, како на пример
прибор за јадење или капаци за
тенџериња на површината затоа
што се вжештуваат.
За време на употребата,
внатрешноста на апаратот се
вжештува. Постои опасност од
изгореници. Употребувајте ракавици
кога ставате или вадите додатоци
или тенџериња.
Апаратот и неговите достапни
делови се вжештуваат за време на
употребата. Внимавајте да не ги
допрете вжештените елементи.
Малите деца мора да се држат
понастрана освен ако не се под
постојан надзор.
Отворајте ја вратата внимателно.
Користењето на состојки со алкохол
може да предизвика мешање на
алкохол и воздух. Постои опасност
од пожар.
Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте до апаратот да дојдат
искри или пламени.
4
www.aeg.com