User manual
• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
• Готвењето на плотна со маст или масло без
надзор може да биде опасно и да доведе до
пожар.
• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете
го апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр.
со капак или специјално противпожарно ќебе.
• Не чувајте предмети на површините за готвење.
• Не користете чистач на пареа за чистење на
уредот.
• Металните предмети, како ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење бидејќи може да станат
жешки.
• Не користете силно абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на
вратата бидејќи тоа може да предизвика прскање
на стаклото.
• Внимавајте кога ја допирате фиоката за
складирање. Може да се вжешти.
• За да ги извадите држачите на решетките
повлечете го предниот дел од држачот, а потоа
задниот крај настрана од страничните ѕидови.
Монтирајте ги држачите на решетките по обратен
редослед.
• Ако стакло-керамичката површина е напукната,
исклучете го апаратот за да ја избегнете
можноста од струен удар.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
4
www.aeg.com