User manual

Погрижете се отворите за
вентилација да не се блокирани.
Не оставајте го апаратот без
надгледување додека работи.
Исклучете го апаратот по секоја
употреба.
Апаратот се загрева во
внатрешноста при работа. Не
допирајте ги грејачите кои се во
апаратот. Секогаш користете
ракавици за печка за вадење или
ставање прибор или огноотпорни
садови.
Внимавајте кога ја отворате вратата
на апаратот додека тој работи.
Може да испушти жежок воздух.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не притискајте на отворена врата.
Не управувајте со апаратот со
надворешен тајмер или со посебен
систем за далечинско управување.
Секогаш држете ја вратата на
апаратот затворена кога апаратот
работи.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Исклучувајте ја ринглата на „off“ по
секоја употреба.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Ако површината на апаратот е
испукана, веднаш исклучете го
апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или
експлозија.
При загревање, маснотиите и
маслото може да испуштат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
кое што е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло, што може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте апаратот да дојде во
контакт со искри или отворен оган.
Отворете ја вратата на апаратот
внимателно. Користењето на
состојки со алкохол може да
предизвика мешање на алкохол и
воздух.
Не обидувајте се да го изгасите
огнот со вода. Исклучете го
апаратот и покријте го огнот со
капак или со ќебе за пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
не ставајте огноотпорни садови
или други предмети во апаратот
директно на дното.
не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на апаратот.
не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте садовите за готвење
да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
6
www.aeg.com