User manual

9.5 Откажување на
функциите на часовникот
1. Повеќе пати притискајте го
додека не почне да трепка
индикаторот за соодветната
функција.
2. Притиснете и држете .
Функцијата на часовникот се гасне по
неколку секунди.
10. РЕРНА - ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Температурата и
времињата на печење во
табелите се дадени само
како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките
што се употребуваат.
10.1 Печење
Вашата рерна може да ги пече
тестото или месото различно од
апаратот што сте го имале порано.
Приспособете ги вашите
вообичаени поставки (температура,
траење на готвењето) и нивоата на
решетката кон вредностите во
табелите.
Производителот препорачува
првиот пат да ја користите
пониската температура.
Ако не можете да ги најдете
поставките за одреден рецепт,
побарајте некој што е скоро ист.
Времето на печење може да се
продолжи за 10-15 минути доколку
печете колачи на повеќе нивоа.
Колачите и печивата со различна
висина не потемнуваат еднакво
првиот пат. Доколку дојде до тоа,
не менувајте ги поставките за
температурата. Разликата ќе се
израмни во текот на печењето.
При подолго време на печење,
можете да ја исклучите рерната
приближно 10 минути пред
истекување на времето за печење,
а потоа да ja искористите
преостанатата топлина.
Кога готвите замрзната храна,
плеховите во рерната можат да се
извиткаат во текот на печењето. Кога
повторно ќе се изладат,
изобличувањата ќе исчезнат.
10.2 Совети за печење
Резултати од печењето Можна причина Решение
Долниот дел на колачот не
е доволно запечен.
Позицијата на решетката е
неправилна.
Ставете го колачот на
пониска решетка.
Колачот спласнува и
станува влажен, леплив
или нерамномерен.
Температурата на печката
е превисока.
Кога ќе печете следниот
пат, поставете малку
пониска температура на
рерната.
www.aeg.com16