User manual

Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со
капак или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
Металните предмети, какви што се ножеви,
виљушки, лажици и капаци, не треба да се
оставаат на површината за готвење бидејќи може
да се вжештат.
Ако стакло-керамичката / стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Апаратот се загрева во внатрешноста при работа.
Не допирајте ги греачите што се наоѓаат во
апаратот. Секогаш користете ракавици за рерна за
вадење или ставање прибор или огноотпорни
садови.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот од
струја.
Пред да ја менувате светилката во рерната,
проверете дали уредот е исклучен, за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Не користете груби абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на
вратата, бидејќи тоа може да предизвика прскање
на стаклото.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Внимавајте кога ја допирате фиоката за
складирање. Може да се вжешти.
За да ги извадите држачите на решетките,
повлечете го предниот дел од држачот на
решетката, а потоа задниот крај настрана од
www.aeg.com4