User manual
• Приборот за готвење направен од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини. Овие предмети
секогаш кревајте ги кога треба да
ги преместувате на површината за
готвење.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
2.4 Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
пожар или оштетување на
апаратот.
• Пред одржување, исклучете го
апаратот.
Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Стапете во контакт со Овластен
сервисен центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Осигурете се дека внатрешноста и
вратата се суви после секоја
употреба. Пареата која се прави за
време на работата на апаратот се
кондензира на ѕидовите на
внатрешноста и може да
предизвика корозија. За да ја
намалите кондензацијата, загрејте
го апаратот околу 10 минути пред
готвењето.
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
упатства на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.5 Внатрешна светилка
• Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
• Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од
напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
2.7 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
• Користете само оригинални
резервни делови.
МАКЕДОНСКИ 7