User manual

(осигурувачи на вртење извадени
од држачот), заземјување и
контактори.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
Целосно затворете ја вратата на
апаратот пред да го поврзeте
главниот штекер со приклучокот за
струја.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда и
изгореници.
Опасност од струен удар.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
Исклучувајте го апаратот по секоја
употреба.
Внимавајте кога ја отворате
вратата на апаратот додека тој
работи. Може да се ослободи
жежок воздух.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте апаратот да дојде во
контакт со искри или отворен оган.
Внимателно отворајте ја вратата на
апаратот. Користењето на состојки
со алкохол може да предизвика
мешање на алкохол и воздух.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
не ставајте огноотпорни садови
или други предмети директно
на дното на апаратот.
не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте садовите за готвење
да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот или директно на дното
на апаратот.
www.aeg.com6