User manual

ВНИМАНИЕ!
Пред да ја затворите
вратата на рерната,
проверете дали целосно
сте ги турнале
телескопските шини
внатре во апаратот.
Решетка:
Ставете ја решетката на
телескопските шини така што
ногалките да се насочени надолу.
Високата рамка околу
решетката е дополнителна
заштита од лизгање на
садовите за готвење.
Длабока тава:
Ставете ја длабоката тава на
телескопските шини.
Решетка и длабока тава заедно:
Ставете ги решетката и длабоката
тава заедно на телескопските шини.
8. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
8.1 Автоматско
исклучување
Заради безбедносни причини,
апаратот автоматски се исклучува
после некое време, ако функцијата на
рерната работи и ако не сте ги
промениле поставките.
Температура (°C) Време на
исклучување (ч)
30 - 115 12.5
120 - 195 8.5
200 - 245 5.5
250 - максимум 1.5
По автоматското исклучување,
притиснете кое било копче за
повторно да работите со апаратот.
Автоматското исклучување
не работи со следните
функции: Сензор за
температура во средината,
Светло, Времетраење,
Крај.
8.2 Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот
за ладење се вклучува автоматски за
да ги одржува ладни површините на
апаратот. Ако го исклучите апаратот,
вентилаторот за ладење продолжува
да работи додека апаратот не се
излади.
www.aeg.com18