User manual

9. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
9.1 Вентилатор за ладење
Кога работи печката, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да
ги одржува ладни површините на
печката. Ако ја исклучите печката,
вентилаторот за ладење продолжува
да работи додека печката не се
излади.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Температурата и
времињата на печење во
табелите се дадени само
како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките
што се употребуваат.
10.1 Препораки за готвење
Вашата печка може да ги пече тестото
или месото различно од печката што
сте ја имале порано. Табелите дадени
подолу со стандардните поставки за
температура, време на готвење и
позиција на решетката.
Ако не можете да ги најдете
нагодувањата за одреден рецепт,
побарајте нешто слично.
10.2 Внатрешна страна на
вратата
На внатрешната страна на вратата
можете да ги најдете:
броевите на позиции на решетката.
информации за функциите на
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени јадења.
10.3 Печење
Првиот пат употребете ја
најниската температура.
Времето на печење може да се
продолжи за 10-15 минути доколку
печете колачи на повеќе нивоа.
Колачите и печивата со различна
висина не потемнуваат секогаш
еднакво. Нема потреба да ја
менувате поставката за
температура ако потемнувањето е
нееднакво. Разликите се
порамнуваат за време на
печењето.
Плеховите во печката може да се
изобличат за време на печењето.
Кога повторно ќе се изладат,
изобличувањата ќе исчезнат.
МАКЕДОНСКИ 13