User manual

Овошје
Храна Температура
(°C)
Време (час) Ниво на решетката
1 позиција 2 позиции
Сливи 60 - 70 8 - 10 3 1 / 4
Кајсии 60 - 70 8 - 10 3 1 / 4
Кришки од
јаболко
60 - 70 6 - 8 3 1 / 4
Круши 60 - 70 6 - 9 3 1 / 4
9. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
9.1 Забелешки за чистењето
Предниот дел на апаратот чистете
го со мека крпа натопена со топла
вода и средство за чистење.
За чистење на металните површини
употребете вообичаено средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на
апаратот по секоја употреба.
Насобирањето на мрснотии или
други остатоци од храна може да
резултира со пожар. Ризикот е
поголем кај тавата со решетка.
Тврдокорната нечистотија
исчистете ја со специјално
средство за чистење печки.
Чистете го целиот прибор после
секоја употреба и оставете го да се
исуши. Користете мека крпа
натопена со топла вода и средство
за чистење.
Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства
или остри предмети, ниту пак во
машина за миење садови. Тоа
може да предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
9.2 Уреди од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на
печката само со мокар
сунгер. Исушете ја со мека
крпа.
Не користете челична
жица, киселини или
абразивни материјали,
бидејќи тие можат да ја
оштетат површината.
Чистете ја контролната
табла на печката со истите
мерки на претпазливост.
9.3 Чистење на заптивката
на вратата
Вршете редовна проверка на
заптивката на вратата. Заптивката
на вратата е околу рамката на
внатрешноста на печката. Не го
користете апаратот ако заптивката
на вратата е оштетена.
Контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
За да ја исчистите заптивката на
вратата, видете ги општите
информации за чистењето.
9.4 Вадење на држачи на
решетки
За да ја исчистите рерната, извадете
ги држачите за решетки.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
МАКЕДОНСКИ 21