User manual

Симбол на копчето, показател или сијалица ависно од моделот - погледнете го
прегледот на апаратот):
Показателот се пали кога печката се загрева.
Сијалицата се пали кога апаратот работи.
Симболот покажува дали копчето контролира некоја од ринглите, функциите на
печката или температурата.
Функции на печката
Функција на печката Примена
Брзо загревање Го намалува времето за загревање.
Готвење со вентилатор За печење на најмногу три нивоа во печката
истовремено. Намалете ја температурата на печката
(20 - 40°C) во споредба со Вообичаено. И за сушење
храна.
Поставка за пица За да добиете попечена површина и крцкава основа
кога печете храна на едно ниво. Намалете ја
температурата на печката (20 - 40°C) во споредба со
Вообичаено
Вообичаено готвење За печење тесто и месо на едно ниво во печката.
Долен грејач За печење колачи со крцкав долен дел или во вид на
тенка кора и за конзервирање зимница
Одмрзнување За одмрзнување на замрзната храна.
Печење скара За печење рамни парчиња храна на средната на
скарата и за печење тостови.
Брза скара За печење рамни парчиња храна во големи количини
и за печење тостови.
Турбо печење За печење поголеми парчиња месо или живина на
едно ниво. Исто и за запекување и потпекување.
Функција на брзо загревање
Функцијата на брзо загревање го намалува времето на загревање.
1. Поставување на функцијата на брзо загревање. Видете во Табелата за функции
на печката.
2. Завртете го тркалцето за контрола на температурата
/ за да поставите
температура.
3. Кога ќе се постигне температурата се огласува звучен сигнал.
Функцијата за брзо загревање не се деактивира после звучниот сигнал. Функцијата
морате да ја деактивирате мануелно.
4. Поставете соодветна функција на печката.
Секојдневна употреба
11