User manual

ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
Заклучување заради безбедност на децата
Апаратот не можете да го вклучите, ако работи уредот за безбедност на децата.
Вклучување и исклучување на уредот за безбедност на децата:
1. Не поставувајте функција на печката.
2. Истовремено држете ги притиснати
и во траење од најмалку 2 секунди.
3. Се огласува звучен сигнал. SAFE се пали или гаси на показателот за
температурата/времето (како што го вклучувате или исклучувате уредот за
безбедност на децата).
Ако печката има функција за пиролитичко чистење, вратата е заклучена.
SAFE се појавува на екранот кога го вртите тркалцето или го притискате копчето.
Заклучување
Применлива кај модели со функцијата Пиролитичко чистење.
Заклучувањето спречува случајна промена на функцијата на печката. Можете да ја
вклучите функцијата Заклучување само кога работи апаратот.
Вклучување и исклучување на функцијата Заклучување:
1. Вклучете го апаратот.
2. Вклучете функција или поставка на печката.
3. Истовремено допрете ги и држете ги
и во траење од 2 секунди.
4. Се огласува звучен сигнал. Loc се вклучува/исклучува на екранот (кога ја
вклучувате или исклучувате функцијата Заклучување).
Ако печката има функција за пиролитичко чистење, вратата е заклучена.
Можете да го исклучите апаратот кога е вклучено Заклучувањето. Кога ќе го исклучите
апаратот, се исклучува и Заклучувањето.
Loc се појавува на екранот кога го вртите тркалцето или го притискате копчето.
Механичко заклучување на вратата
Заклучувањето на вратата не е активно кога го купувате апаратот.
За да го вклучите заклучувањето:
Влечете ја бравата нанапред сè додека
не се заклучи.
За да ги исклучите заклучувањето на
вратата: Турнете ја бравата назад во
панелот.
16 Дополнителни функции