User manual

Отворање на вратата од апаратот:
1. Турнете и држете ја бравата на
вратата.
2. Отворете ја вратата.
Не туркајте ја бравата кога ја затворате вратата на апаратот.
Кога го исклучувате апаратот, не се исклучува механичкото заклучување на вратата.
Показател на преостаната топлина
На крајот од секое готвење, кога температурата во внатрешноста на печката е
поголема од 40°C, на екранот стои показателот за преостанатата топлина
.
Употребете го копчето за температура за да ја прикажете температурата во печката.
Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот за ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни површините на апаратот. Ако го исклучите апаратот, вентилаторот за
ладење продолжува да работи додека апаратот не се излади.
Автоматско исклучување
Од безбедносни причини, апаратот сам се исклучува по некое време:
ако работи некоја функција на печката.
ако не ја смените температурата на печката.
Температура на печката Време на исклучување
30°C - 120°C 12,5 ч.
120°C - 200°C 8,5 ч.
200°C - 250°C 5,5 ч.
250°C - максимум °C 3,0 ч.
По автоматското исклучување, притиснете кое било копче за повторно да работите со
апаратот.
Автоматското исклучување функционира со сите функции на печката, освен со
Времетраење, Крај и Одложено време.
Дополнителни функции
17