User manual

Пред да ја замените сијаличката на печката:
Исклучете го апаратот.
Извадете ги осигурувачите од кутијата или исклучете го прекинувачот на струјното
коло.
ВНИМАНИЕ
Ставете крпче на долниот дел од внатрешноста на апаратот. Со тоа се спречува
оштетување на капачето од ламбичката во рерната и внатрешноста.
Менување на сијаличката во рерната:
1. Стакленото капаче за сијаличката се наоѓа на задниот дел од внатрешноста на
рерната.
Свртете го стакленото капаче налево за да го отстраните.
2. Исчистете го стаклениот поклопец.
3. Ако е потребно, заменете ја светилката во печката со светилка за печка отпорна
на температура до 300°C.
Употребете ист тип на сијаличка за рерна.
4. Наместете го стаклениот поклопец.
Плафонот на печката
Можете да го отклопите горното грејно тело на плафонот на печката за полесно да го
исчистете плафонот на печката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред да го преклопите греачот надолу, исклучете го апаратот. Проверете дали
апаратот е ладен. Постои опасност од изгореници!
Отклопување на грејачот
1. Извадете ги шините за подршка на
решетката.
2. Придржете го горното грејно тело со
двете раце на предната страна
3. Повлечете го нанапред спротивно на
пружината и нанадвор од подлогата
на двете страни.
4. Сега грејното тело се преклопува
надолу.
Плафонот од рерната е подготвен за
чистење.
Монтирање на грејачот
1. Монтирајте го грејачот според обратен редослед.
Монтирајте го грејниот елемент точно на двете страни над потпирачот на
внатрешниот ѕид од уредот.
2. Местење на шините за подршка на решетката.
Нега и чистење 31