User manual
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги доставените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен инвалидитет.
• Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и
постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или со недостаток на искуство и знаење доколку ги
надгледува лице кое е одговорно за нивната безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот кога
тој работи или кога се лади. Деловите кои се достапни се
жешки.
• Ако апаратот има безбедносен уред за деца, ви препорачуваме
да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да
го прават деца без надзор.
Општа безбедност
• Апаратот се загрева во внатрешноста при работа. Не допирајте
ги грејачите кои се во апаратот. Секогаш користете ракавици за
печка за вадење или ставање прибор или огноотпорни садови.
• Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот од струја.
• Не користете силно абразивни средства или остри метални
стругалки за да го чистите стаклото на вратата бидејќи тоа
може да предизвика прскање на стаклото.
4 Безбедносни информации