User manual

- Не чувајте влажни чинии или храна во апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
- Бидете внимателни при отстранување или поставување на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема ефект врз работата на апаратот. Тоа не е дефект
во смисол на гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни колачи. Овошните сокови предизвикуваат дамки
кои може да останат постојано.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар или оштетување на апаратот.
Пред одржување, исклучете го апаратот и извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
Проверете дали апаратот е ладен. Постои опасност од кршење на стаклените
плочи.
Веднаш заменете ги стаклените плочи на вратата кога се оштетени. Контактирајте
со сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е тешка!
Редовно чистете го апаратот за да спречите оштетување на материјалот на
површината.
Заостанатата мрснотија или храна во апаратот може да предизвика пожар.
Исчистете го апаратот со навлажнета мека крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни средства, сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
Доколку користите спреј за печка, почитувајте ги безбедносните инструкции на
пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку има) со никаков тип на детергент.
Внатрешно светло
Типот на светилката или на халогената лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не употребувајте ја за осветлување во
куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката, исклучете го апаратот од напојувањето.
Користете само светилки со истите спецификации.
Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Инструкции за безбедност
7