User manual

Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не притискајте на отворена врата.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Секогаш држете ја вратата на
апаратот затворена кога апаратот
работи.
Отворете ја вратата на апаратот
внимателно. Користењето на
состојки со алкохол може да
предизвика мешање на алкохол и
воздух.
Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте апаратот да дојде во
контакт со искри или отворен оган.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
- не ставајте огноотпорни садови
или други предмети директно на
дното на апаратот.
- не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на апаратот.
- Не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
- Не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
- Бидете внимателни при
отстранување или поставување на
приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар
или оштетување на апаратот.
Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го штекерот за
струја од приклучницата.
Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
Исчистете го апаратот со
навлажнета мека крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства,
сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
инструкции на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
Пиролитичко чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда / Пожари /
Хемиски емисии (Испарувања)
во режим на чистење со
пиролиза.
Пред да ја спроведете функцијата
само-чистење со пиролиза или пред
Употреба на апаратот, од
внатрешноста на печката извадете
ги следните работи:
вишок на остатоци од храна,
масло или истурени маснотии /
наслаги.
Сите предмети што можат да се
извадат (вклучително решетките,
6
www.aeg.com