User manual

Температура на рерната Време на исклучување
120 °C - 200 °C 8,5 ч.
200 °C -250 °C 5,5 ч.
250 °C -максимум °C 3,0 ч.
После автоматското исклучување, допрете сензорско поле за повторно влучување на
апаратот.
Автоматскиот прекинувач работи со сите функции на печката, освен со Светлина,
Бавно готвење, Сензор за температура во средината, Времетраење, Крај, Време за
одложување.
Осветленост на екранот
Има два режима на осветленост на екранот:
Ноќна осветленост - кога апаратот е исклучен, осветленоста на екранот е пониска
помеѓу 22 часот навечер и 6 часот наутро.
Дневна осветленост:
Кога апаратот е исклучен.
Ако допрете сензорско поле при ноќна осветленост (освен за ВКЛУЧУВАЊЕ/
ИСКЛУЧУВАЊЕ), екранот се враќа во режим на дневна осветленост во следните
10 секунди.
Ако апаратот е исклучен и го поставувате Потсетникот за време. Кога ќе заврши
функцијата за Потсетникот за време, екранот се враќа на ноќна осветленост.
Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот за ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни површините на апаратот. Ако го исклучите апаратот, вентилаторот за
ладење продолжува да работи додека апаратот не се излади.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни информации“.
Забелешки за чистењето:
Исчистете го предниот дел на апаратот користејќи мека крпа со топла вода и
средство за чистење.
За чистење на металните површини употребете го вообичаеното средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на апаратот по секоја употреба. Потоа можете полесно да
ја отстраните нечистотијата и истата нема да изгори.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја со специјално средство за чистење печки.
Исчистете го сиот прибор за печката (со мека крпа, топла вода и течност за
чистење) по секоја употреба и оставете го да се исуши.
Нега и чистење
25