User manual
• Внимателно прочитајте ги упатствата за пиролитичкото чистење.
• Чувајте ги децата подалеку од апаратот додека врши пиролитичкото чистење.
Апаратот станува многу жежок.
• Обезбедете добро проветрување за време и после секое пиролитичко чистење.
• Обезбедете добро проветрување за време и после првата употреба при работа со
максимална температура.
• Отстранете ги сите миленичиња (посебно птици) од близината на местото на
апаратот за време и после пиролитичкото чистење и на почеток пуштете го да
работи на максимална температура во добро проветрена просторија.
• Одредени птици и влекачи може да бидат екстремно чувствителни на
потенцијалните испарувања што се испуштаат во текот на процесот на чистење кај
сите пиролитички печки.
• И малите миленичиња може да бидат многу чувствителни на ограничени промени
на температурата во близината на сите пиролитички печки кога работи програмата
за пиролитичко самочистење.
• Нелепливите површини на лонци, тави, плехови, садови итн. може да се оштетат со
високотемпературната работа за пиролитичко чистење кај сите пиролитички печки,
а може исто така да биде извор на мали нивоа на штетни испарувања.
• Испарувањата испуштени од сите пиролитички печки/остатоци од готвењето се
опишани како безопасни за луѓето, вклучувајќи ги бебињата или болните личности.
Внатрешно светло
• Типот на светилката или на халогената лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не употребувајте ја за осветлување во
куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
• Пред да ја замените светилката, исклучете го апаратот од напојувањето.
• Користете само светилки со истите спецификации.
Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за да спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
Безбедносни информации
7