Recipe Book

2 рамни лажички сол
150 ml млеко
70 g суво грозје (претходно
накиснете ги 1 час во 20 ml
вишновка)
Состојки за глазурата:
50 g цели лупени бадеми
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шекерот во прав, путерот, јајцата,
солта и млекото во сад за матење и
измесете изедначено тесто. Покријте
го тестото во садот и оставете го да
нарасне 1 час.
Рачно измесете го накиснатото суво
грозје во тестото.
Ставете ги бадемите во секоја
празнина посебно во подмачканиот со
зејтин и попрскан со брашно калап за
куглоф.
Потоа обликувајте го тестото во
форма на колбас и ставете го во калап
за куглоф. Покријте го и оставете да
кисне уште 45 минути.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 1
6.10 Саварин торта
Состојки за тестото:
350 g брашно
1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
75 g шекер
100 g путер
5 жолчки
1/2 лажичка сол
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
125 ml млеко
После печењето:
375 ml вода
200 g шекер
100 ml сливова ракија или 100 ml
ликер од портокал
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шекерот, путерот, жолчките, солта,
ванилиниот шекер и млекото во сад за
матење и измесете изедначено тесто.
Покријте го тестото во садот и
оставете го да нарасне 1 час. Потоа
ставете го тестото во калап за куглоф,
покријте го и оставете го да кисне
уште 45 минути.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 1
После печењето:
Зовријте вода и шекер и оставете да
се олади.
Додадете сливова ракија или ликер од
портокал во шербетот и измешајте.
Кога ќе се олади колачот, избодете го
на неколку места со дрвено стапче и
оставете колачот еднакво да го впие
шербетот.
6.11 Колачиња
Состојки:
250 g чоколадо за готвење
250 g путер
375 g шекер
2 пакетче ванилин шекер (околу 16
g)
1 тропрст сол
5 супени лажици вода
5 јајца
375 g ореви
250 g брашно
1 лажичка прашок за пециво
Метод:
Искршете го чоколадото на големи
парчиња и стопете го во сад на пареа
или вода.
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
ванилиниот шеќер, солта и водата,
додајте ги јајцата и стопеното
чоколадо.
Оревите исечкајте ги крупно,
измешајте ги со брашното и прашокот
за пециво и вмешајте ги во
чоколадната мешавина.
Обложете длабок плех за печење со
хартија за печење, ставете ја смесата
внатре и израмнете.
Време во апаратот: 50 минути
Ниво на решетка: 3
После печењето:
Оставете да се олади, отстранете ја
хартијата за печење и исечете на
квадрати.
www.aeg.com16