Recipe Book

Ставете ги путерот, шеќерот,
ванилиниот шеќер и солта во чинија за
матење и изматете ги пенесто.
Додадете марципан исечкан на мали
парчиња и изматете додека смесата
не се воедначи. Додадете јајца едно
по едно и матете додека не стане
пенесто. Додадете брашно, прашок за
печиво, ѓумбир и какао во прав во
мешавината. Измешајте 150 ml црвено
вино. Ставете го тестото во длабок
плех за печење прекриен со пергамент
хартија за печење и израмнете ја
површината. Излупете ги и извадете ја
средината на јаболката и исечете ги
на резанки дебели 0,5 cm. Пире од
сливи: Наредете ги парчињата на
горната страна на тестото и наполнете
ги празнините останати по чистењето
на средината со пире од сливи. Потоа
ставете го јадењето во апаратот.
Време во апаратот: 50 минути
Ниво на решетка: 3
По печењето оставете го колачот
да се олади и извадете ја
пергамент хартијата за печење.
Прелив:
250 ml сок од јаболка
1 пакетче чиста глазура за колачи
По печењето оставете го колачот
да се олади и извадете ја
пергамент хартијата за печење.
Измешајте ја глазурата користејќи го
сокот од јаболки и пакетчето глазура
за колачи и нанесете ја врз колачот со
четка.
7. ПИЦА/ПИТА/ЛЕБ
7.1 Пица
Состојки за тестото:
14 g квасец
200 ml вода
300 g брашно
3 g сол
1 супена лажица масло
Состојки за преливот:
1/2 мала конзерва домати, сечкани
(200 g)
200 g рендано сирење
100 g салама
100 g варена шунка
150 g печурки (конзервирани)
150 g фета сирење
оригано
Друго:
Тепсија за печење, подмачкана
Метод:
Издробете го квасецот во чинија и
растопете го во вода. Ставете ја солта
во брашното и со маслото додаjте ги
во садот.
Месете ги состојките додека не се
добие изедначено тесто кое се
одвојува од чинијата. Покријте го
тестото и оставете го да нарасне на
топло место додека не стане двојно
поголемо.
Расукајте го тестото и ставете го во
подмачкан плех за печење, избодете
го од долу со вилушка.
Ставајте ги состојките за филот врз
тестото по дадениот редослед.
Време во апаратот: 25 минути
Ниво на решетка: 1
7.2 Солен колач со кромид
Состојки за тестото:
300 g брашно
20 g квасец
125 ml млеко
1 јајце
50 g путер
3 g сол
Состојки за преливот:
750 g кромид
250 g сланина
3 јајца
250 g кисела павлака
125 ml млеко
1 лажичка сол
1/2 кафена лажичка мелен црн
пипер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината.
МАКЕДОНСКИ 19