Recipe Book

Ставете ги телешките гради во тава за
печење, додадете ја супата од
зеленчук, сланината и водата. Свртете
го печеното месо по околу 30 минути.
Време во апаратот: 100 минути
Ниво на решетка: 1
2.9 Печено месо
Состојки:
2 парчиња сув леб
1 кромид
3 супени лажици сечкан магдонос
750 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
2 јајца
сол, црн пипер и црвен пипер
100 g тенки парчиња сланина
Метод:
Натопете ги парчињата леб во вода и
потоа исцедете ги. Излупете го
кромидот и ситно исечкајте го, потоа
динстајте го додека не пушти вода и
додадете го исечканиот магдонос.
Измешајте ги заедно меленото месо,
јајцата, исцедените парчиња леб и
кромидот. Зачинете со сол, црн пипер
и црвен пипер, ставете го во
правоаголен сад за печење и покријте
го со парчињата сланина. Додадете
малку вода и ставете го јадењето во
апаратот.
Време во апаратот: 70 минути
Ниво на решетка: 1
2.10 Печење на швед. начин
Состојки:
200 g сушени сливи
150 ml бело вино
1,5 kg свинска слабина или телешки
грб (без коски)
1 кромид со средна големина
јаболко
сол, црн пипер и црвен пипер
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино
околу 2 часа. Исплакнете го кратко
месото со вода, потоа исушете го.
Исечете засеци во долната страна на
месото и забодете слива во секој
засек туркајќи ги колку што може да
одат во месото. Зачинете го месото и
ставете го во плех за печење со
страната без сливи свртена нагоре.
Излупете го кромидот и јаболкото,
исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го
остатокот од виното во кое се киснаа
сливите до четвртина литар со вода и
сипете го врз печењето. Гарнир што
одговара се крокети, потпечен компир,
брокула или слично.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 1
3. ГОВЕДСКО/ДИВЕЧ/ЈАГНЕШКО
3.1 Печено говедско
Поставки:
Автоматски сензор за температура на
средината. Температура во средината
за:
Полуживо - 48 °C
Средно - 65°C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете
го сензорот за температурата на
средината и ставете го во огноотпорен
сад.
Ниво на решетка: 1
3.2 Скандинавско говедско
Поставки:
Автоматски сензор за температура на
средината. Температура во средината
за:
Полуживо - 50 °C
Средно - 65°C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете
го сензорот за температурата на
средината и ставете го во огноотпорен
сад.
Ниво на решетка: 1
МАКЕДОНСКИ 5