Recipe Book

3.3 Динстано месо
Не користете ја оваа
програма за говедско
печено и за јадења
подготвени од плешка.
Поставки:
Автоматска тежина. Поставување на
опсег на тежината на јадењето од
1000 до 3.000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете
го во огноотпорен сад. Додадете вода
или друга течност; долниот дел од
месото треба да биде потопен во 10 -
20 mm течност. Покријте го со капак.
Ниво на решетка: 1
3.4 Маринирано говедско
За подготвување на маринадата:
1 l вода
500 ml вински оцет
2 кафени лажички сол
15 зрна црн пипер
15 зрна боровинки
5 ловорови листа
2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а
потоа оставете ги да се оладат.
1,5 kg парче говедско
Истурете ја маринадата врз
говедското да го прекрие и
оставете го да се маринира 5 дена.
Состојки за печењето:
сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
Метод:
Извадете го парчето говедско од
маринадата и исушете го. Зачинете со
сол и црн пипер и запржете го од сите
страни во тавче, па додадете малку
супа од зеленчук од маринадата.
Ставете малку од маринадата во тава
за печење. Долниот дел треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во апаратот.
Време во апаратот: 150 минути
Ниво на решетка: 1
3.5 Плешка од дивеч
Поставки:
Автоматски сензор за температура на
средината. Температура во средината
70°C.
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете
го сензорот за температурата на
средината и ставете го во огноотпорен
сад.
Ниво на решетка: 1
3.6 Печен дивеч
Поставки:
Автоматска тежина. Поставување на
опсег на тежината на јадењето од
1000 до 3.000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете
го во огноотпорен сад. Додадете вода
или друга течност; долниот дел од
месото треба да биде потопен во 10 -
20 mm течност. Покријте го со капак.
Ниво на решетка: 1
3.7 Зајак
Состојки:
2 зајачки грба
6 боровинки (згмечени)
сол и црн пипер
30 g стопен путер
125 ml кисела павлака
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
Метод:
Истријте ги зајачките грбови со
згмечените боровинки, солта и црниот
пипер и премачкајте ги со стопениот
путер.
Ставете ги зајачките грбови во тава за
печење, додадете ја киселата павлака
и супата од зеленчук.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 1
www.aeg.com6