User manual

45°
4. Држете ја вратата на рерната со
една рака на секоја страна и
повлечете ја од апаратот под
нагорен агол.
5. Положете ја вратата со
надворешната страна надолу врз
мека крпа на стабилна површина.
Тоа е за да се спречат гребнатини.
6. Држете ја декорацијата на вратата
(В) на горниот раб на вратата од
двете страни и притиснете ја
навнатре за да ја ослободите
спојката за запечатување.
1
2
B
ВНИМАНИЕ!
Грубото ракување со
стаклото, особено околу
рабовите на предната
плоча, може да предизвика
кршење на стаклото.
7. Повлечете ја декорацијата на
вратата напред и извадете ја.
8. Држете ги стаклените плочи на
вратата на горниот раб една по
една и повлечете ги нагоре надвор
од водилката.
9. Исчистете ја стаклената плоча со
сапуница. Внимателно избришете
ја стаклената плоча.
Кога чистењето е завршено,
повторете ги горенаведените чекори
по обратен редослед. Помалата плоча
треба да се намести прва, а потоа
поголемата и вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Проверете дали стаклата
се поставени во правилна
положба, ако не
површината на вратата
може да се презагрее.
Погрижете се да ги вратите
стаклените плочи (C, B и A) назад по
точен редослед. Прво, поставете ја
плочата C, којашто има испечатен
квадрат на левата страна и триаголник
на десната. Исто така може да ги
најдете овие симболи втиснати на
рамката на вратата. Симболот со
триаголник на стаклото мора да се
совпаѓа со триаголникот на рамката на
вратата и симболот со квадратот мора
да се совпаѓа со квадратот. Потоа,
поставете ги другите две стаклени
плочи.
МАКЕДОНСКИ 41