User manual

Јачина на звук 71 л
Вид печка Вградена печка
Маса
BP931460HM 41.0 kg
BP931460NM 41.0 kg
EN 60350-1 - Електрични апарати за
готвење во домаќинство - Дел 1:
Шпорети, печки, печки на плин и скари
- Методи за мерење на работата.
14.2 Штедење енергија
Апаратот има функции кои
ви помагаат да заштедите
енергија при секојдневното
готвење.
Општи совети
Проверете дали вратата на печката е
добро затворена кога работи апаратот
и чувајте ја затворена колку што може
повеќе за време на готвењето.
Користете метални садови за да го
зголемите штедењето на енергија.
Кога е можно, не ја презагревајте
печката пред да ја ставите храната
внатре.
За време на готвење што трае
подолго од 30 минути, намалете ја
температурата на печката на минимум
барем 3 - 10 минути пред да истече
времето, согласно времетраењето на
готвењето. Преостанатата топлина во
печката ќе го продолжи готвењето.
Користете ја преостанатата топлина
за затоплување храна.
Готвење со вентилатор
Кога е можно, коистете ги функциите
за готвење со вентилатор за да
заштедите енергија.
Преостаната топлина
Кај некои функции на греење, ако е
вклучена програма со избор на
Траење или Крај На Готв. и времето
на готвење е подолго од 30 минути,
греачите се исклучуваат автоматски
10% порано.
Вентилаторот и светлото
продолжуваат да работат.
Одржување на топлина кај храната
Одберете ја најниската поставка за
температура за да ја искористите
преостаната топлина и да го одржите
јадењето топло. На екранот е
прикажана температурата на
преостанатата топлина.
Готвење со исклучена светилка
Исклучете ја светилката за време на
готвењето и вклучете ја само кога ви е
потребна.
Влажна Печење Со Вентил.
Функција за штедење на електрична
енергија за време на готвењето.
Работи на тој начин што
температурата во внатрешноста на
печката може да се разликува од
температурата означена на екранот за
време на циклусот на готвење и
времето на готвење може да се
разликува од времето на готвење кај
другите програми.
Кога го користите Влажна Печење Со
Вентил., лампата автоматски се
исклучува после 30 секунди.
Може да ја вклучите лампата повторно
но тоа ќе ја намали очекуваната
заштеда на електрична енергија.
15. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со
симболот . Ставете ја амбалажата
во соодветни контејнери за да ја
рециклирате. Помогнете во заштитата
на живтната средина и човековото
здравје и рециклирајте го отпадот од
МАКЕДОНСКИ 45